Најавената пролетна акција ,,Генералка викенд”, веќе започна во повеќе општини на територијата на цела држава. Акцијата се реализира заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка и МЕН ЕНД МАУНТЕН. Истата ќе опфати во 53 општини со учество на 85% од вкупното население на Северна Македонија, повеќе од 13.000 волонтери и повеќе од 400 училишта.
Во Делчево се чисти отпадот кај месноста Црквенска Река во с.Очипала. Општина Делчево како што информираше Татјана Стојковска, одговорна за иницијативата, за прв пат се вклучува во пролетната акција за чистење организирана во рамки на оваа иницијативата.
-Денес сме на утврдената локација кај селото Очипала собираме отпад од хартија, стакло, пластика, лименки и електронски и друг вид на отпад. Во акцијата се вклучени вработени во Општинската администрација, комуналното претпријатие, волонтери од Црвен крст, а учествуваат и воспитно образовните установи во Делчево, истакна Стојковска.






Во рамки на активностите спроведени од страна на вработени и ученици во делчевските училишта се чистеа училишните дворови и околниот простор.
-Денеска се вклучува и нашата гимназија со неколку ученици во оваа акција со која се надеваме дека ќе испратиме порака за чиста околина за сите нас, истакна Лидија Таушански, професор во СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.
По завршувањето на акцијата како што информираа организаторите собраниот отпад од пластика, хартија и стакло ќе биде дислоциран до најблиската Пакомак станица.
Околу 1300 лица вклучени во Генералка викенд денес во Општина Крива Паланка:
-на терен 25 субјекти, институции, здруженија, спортски клубови со околу 500 учесници кои расчистаќуваа 35 мини-локации;
-во селекција на отпад и за рециклирање се вклучија 750 млади од училиштата и предучилишната установа,
-75 ученици сликаа на тема „Нацртај како сакаш да изгледа твоето омилено место и твојот град“.






„Генералка викенд“ во скопската општина Аеродром




„Генералка викенд“ во скопската општина Гази Баба



Акцијата во Општина Вевчани е во тек, од влезот на општината по регионалниот пат за Вевчани чистат општинската администрација, јавното претпријатие и други институции. Дечињата од детската градинка и основното училиште со своите наставници се низ улиците низ Вевчани.




„Генералка викенд“ во Штип





„Генералка викенд“ во скопската општина Бутел





Акција на чистење во Општина Јегуновце се спроведе на повеќе локации, поточно на делниците од Туденце до Сиричино, Јанчиште, од Шемшево до Прељубиште, од Шемшево до Сиричино и од Јажинце до Рогачево. Во рамки на третата по ред еколошка акција учествуваше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа беше дел од акцијата за чистење на депонијата кај Јажинце во оваа тетовска општина.
- Отпадот што не окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата. Оваа веќе традиционална акција не здружува, ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина. Генералка викенд“ е акција што Министерството ја поддржува уште од првата година кога беа вклучени само 10 општини и 1 000 волонтери. Годинава бројот на општини е 53, а бројот на пријавени волонтери повеќе од 16 000. Со засадување на дрвна садница за секои 10 килограми собран отпад, акцијата овозможува „засадување на отпадот во зелена иднина“ и претставува извонреден начин да се демонстрира моќта на заедништвото и координативната работа во интерес на животната средина и квалитетот на живото на сегашните и идните генерации, рече Шукова.


