Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемата регионална конференција за агробизнис „GROW UP – силата на земјата“ кон крајот на месецов на Копаоник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најголемата регионална конференција за агробизнис „GROW UP – силата на земјата“ кон крајот на месецов на Копаоник
Агровести

Најголемата регионална конференција за агробизнис „GROW UP – силата на земјата“ кон крајот на месецов на Копаоник

Објавено 11/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 31 мај и 1 јуни годинава на Копаоник ќе се одржи најголемата регионална конференција за агробизнис „GROW UP – силата на земјата“, соопштија од Стопанската комора на Србија.

Како што е наведено, на конференцијата, организирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија и Стопанската комора на Србија, на едно место ќе се соберат најрелевантните експерти, институции, претставници од земјата и регионот, сопственици на фарми, засегнати страни, експертска јавност од областа на земјоделството и прехранбената индустрија.

На присутните ќе им се обратат домашни и странски еминентни научници и професори, највисоките функционери на Владата на Србија, министри од регионот вклучително и од Македонија, Република Српска, Црна Гора, претставници на меѓународни институции, ЕУ, јавни претпријатија, како и деловната јавност.

Во текот на двата дена на пет панели ќе зборуваат повеќе од 30 експерти од регионот, а повеќе од 400 присутни ќе имаат можност да слушнат пораки од експерти од целиот свет.

Посебна тема ќе биде влијанието на климатските промени, состојба која веќе некое време е значајно глобално прашање.

Ќе се организираат пет панели: Дигитализација на земјоделството, потреба и можност, Улога на ИПАРД фондовите и финансирање на земјоделството, Синџири на снабдување и можност за извоз, Регионално поврзување како развојна можност и влијание на климатските промени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:GROW UPдрон
Претходен напис Денес ќе се одржи седница на Агросоветот, на дневен ред поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна
Следен напис Млекото и млечните производи се безбедни, бруцелозата се испитува во повеќе фази, соопшти АХВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?