Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СРД „Трофта“ апелира за позасилена контрола на Дебарско Езеро поради зачестена појава на риболов со недозволиви средства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СРД „Трофта“ апелира за позасилена контрола на Дебарско Езеро поради зачестена појава на риболов со недозволиви средства
АгровестиШумарство и водостопанство

СРД „Трофта“ апелира за позасилена контрола на Дебарско Езеро поради зачестена појава на риболов со недозволиви средства

Објавено 10/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Спортското риболовно друштво „Трофта” апелира до надлежните за позасилен надзор и контрола на Дебарско Езеро по појавата на нелегален риболов и со недозволиви средства.

Дополнително на состанокот на раководството на друштвото е договорено и неговите членови да ја следат состојбата и да ги известуваат надлежните.

-Се договоривме да преземеме доброволни мерки за надзор на Дeбрско Езеро, со оглед на најкритичниот период односно мрестот,  поради што несовесни лица со тврди предмети ја масакрираат рибата. Во моментот кога ќе забележат вакво нешто веднаш ќе ја известат полицијата од местото на настанот за преземање на понатамошни мерки. Ќе бидеме на секое место на езерото. Доста беше уништување на рибниот фонд, изјави за МИА, Бели Халити, претседател на СРД „Трофта”.

Смета дека поголема ангажираност е неопходна и од Подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и инспекторатот за рибарство.

– Во моментов има забрана за лов на крап, клен и скобал, заради мрестот кај овој вид риба.  Токму поради тоа рибите се доближуваат до брегот што пак несовесни лица, како од нашето подрачје но и други општини, го злоупотребуваат тоа и вршат лов со недозволиви средства, посочува Халити.

Пред два дена полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на струшкото село Добовјани, кој бил затекнат при незаконит риболов користејќи водна пушка-харпун марка „Марес“ и метална шипка-вила за риболов. 

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Дебарско езерориболовтрофта
Претходен напис Нивото на водата во Охридското Езеро расте, но се уште далеку под просекот
Следен напис Отворен Јавен повик за мерката Бизнис план – Прифатливи инвестиции, корисници, услови, кофинансирање, бодување, потребни документи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?