Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ ја разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ ја разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден
Агровести

РКЕ ја разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден

Објавено 03/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика ја разгледува опцијата цената на струјата во одреден период во денот да биде значително пониска од цената која се плаќа во првиот тарифен блок, односно од 7,41 денар за киловат час.

-Постојат сериозни шанси да се воведе пониска одредена цена во текот на денот. Таа цена ќе видиме на кој начин ќе биде определена. Ќе има период сигурно кога ќе има пониска цена на струја да речеме од онаа во првиот блок, значително пониска. Се прават анализи и во наредните две до три недели ќе имаме и конечен став, изјави за Телма, Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Берзанските податоци за струјата се многу пооптимистички во однос на она што се случувало овој период минатата година.

Од РКЕ велат дека за прв пат по подолго време на берзите е забележана негативна дневна цена на електричната енергија.

-Има податоци од Хупекс имаме прв пат пад во дневните часови негативна цена веќе на најголемата референта берза и за нас. Имаше негативна цена и одиме во насока да испратиме сигнал до ЕСМ како компанија која обезбедува струја за Универзалниот снабдувач, во период во ниска цена за да ги заштитиме домашните ресурси јаглен вода, многу е поисплатливо да обезбедиме струја од пазарот, не мора да е од увоз може да е од домашните фотоволтаици, изјави Бислимовски.

Дневната евтина тарифа за домаќинствата поради енергетската криза и растот на цената на берзите беше укината и од јануари 2022 година граѓаните не можеа да ја користат, но исто така се зголеми и цената на електричната енергија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:струја
Претходен напис Април 2023 постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности
Следен напис Жителите на струшко Вишни реагираат на масовна и бесправна сеча на Јабланица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?