Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите на струшко Вишни реагираат на масовна и бесправна сеча на Јабланица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жителите на струшко Вишни реагираат на масовна и бесправна сеча на Јабланица
АгровестиРурален Развој

Жителите на струшко Вишни реагираат на масовна и бесправна сеча на Јабланица

Објавено 03/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месната заедница од струшкото село Вишни и неколку еколошки здруженија реагираат на масовна и, според нив, илегална сеча на шумата на планината Јабланица.

– Сечата добива на интензитет во изминативе месеци во атарите на селата Вишни, Радолишта, Франгово, Лабуништа. Речиси и да нема педа од Јабланица во која не продреле шумските мафијаши. Шумската полиција е немоќна и не реагира, шумското стопанство одамна кренало раце, а највредните букови шуми исчезнуваат и се нанесува огромна штета на екосистемите и на државата, стои во писмото до јавноста на месна заедница село Вишни и здруженијата на граѓани „Св.Спаса Вишенска“, „Св.Атанасие“ и „Екотуризам 2016“.

Посочуваат дека изминатите години биле испратени реакции и претставки до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а добиле одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање дека шумско-културни работи ќе се изведуваат само во атарите од селата Радолишта и Франгово, според посебниот план за стопанисување со шумите во ШСЕ Ќафасан – Јабланица во периодот од 2019 – 2028 година.

Бараат од надлежни органи ургентно да ја запрат бесправната сеча и пустошењето на шумските екосистеми на Јабланица.

– Само на тој начин државата ќе може да ги заштити ретките природни богатства од неконтролираното искористување и уништување. Пустошењето и сечењето на шумата е закана од ерозија на земјиштето на планината, а тоа е аргумент плус, зошто државата треба да поведе грижа и да стави крај на ваквата анархија, стои во реакцијата.

Доколку бесправната сеча не престане, најавија стопирање на сите камиони што пренесуваат бесправно исечени дрва на патот Долна Белица – Вишни – Струга.

Фото: Месна заедница – Вишни и здруженијата на граѓани „Св.Спаса Вишенска“, „Св.Атанасие“ и „Екотуризам 2016“.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:бесправна сечавишнијабланица
Претходен напис РКЕ ја разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден
Следен напис Претходна најава за објавување на Јавен повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?