Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Април 2023 постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Април 2023 постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности
Агропрогноза

Април 2023 постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности

Објавено 03/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатиот месец, април 2023-та, е постуден и поврнежлив во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава.

Како што соопшти УХМР, средномесечната температура изнесуваше од 4,4 степени во Маврово до 12,7 во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната беше 1,3 степени под државниот просек.

-Средната максимална температура варираше од 9,1 степени во Маврово до 18,8 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 30-ти Април во Гевгелија и изнесуваше 25,6. Забележена е појава на мраз на 06 и 07-ми во месецот. Средната минимална температура варираше од 0,3степени во Маврово до 7,6 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Маврово, на 07-ми Април и изнесуваше -6,6 степени. Месечната сума на врнежи изнесуваше од 55 милиметри во Охрид до 131 милиметри во Маврово, наведува УХМР.

Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд, 50 милиметри, беше регистрирано во Демир Капија на 4 април, додека максимална снежна покривка од 28 сантиметри беше измерена на Попова Шапка на 10 април.

Според УХМР, споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 25 милиметри или 48 отсто над просечната на ниво на држава. 

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:априлвредностиповрнежливпостуден
Претходен напис Николовски: И оваа година обезбедуваме здрава ужинка за секое дете
Следен напис РКЕ ја разгледува опцијата за повторно воведување на евтина тарифа за струја преку ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?