Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна со работа винотеката во Кавадарци 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна со работа винотеката во Кавадарци 
Агровести

Почна со работа винотеката во Кавадарци 

Објавено 03/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна со работа винотеката во Кавадарци, како посебна подружница на Винскиот музеј за регионот Тиквеш, сместена во централното градско подрачје, близу општинската зграда. Како што информираше денеска за МИА, директорката на Музејот, Весела Честоева, во винотеката се застапени производи од грозје од 15 винарии. Вина, ракии, вињак, но и маџун и гроздов сок. 

– Целта е промоција на висококвалитетно македонско и тиквешко вино, но и другите производи од грозје, што се вистински традиционален и културен белег на регионот. Винотеката е обезбедена и со фискална каса, така што сите посетители од земјава и странство, можат да си купат од производите од грозје од ова поднебје, појасни Честоева. 

Таа нагласи дека официјалното започнување со комерцијална работа на винотеката, значи дека се зголемува туристичката понуда на Кавадарци, како центар на Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. 

– Факт е дека се зголемува бројот на гости во Вински музеј, што се наоѓа во градскиот парк. Со пуштањето во функција на винотеката, како и со зголемени активности во туристичкото биро на кавадаречкиот плоштад, што ја презентира туристичката понуда на Кавадарци и околината, очекуваме развој на туризмот, особено винскиот и алтернативниот, што всушност е и наша стратегија за локален економски развој, додаде Честоева. 

Винотеката е со површина од стотина квадратни метри. За реализацијата на сите овие активности, Честоева се заблагодари на поддршката од градоначалникот Митко Јанчев и Советот на општината Кавадарци. 

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:ВинотекаКавадарци
Претходен напис Во Европа повеќе од девет проценти од земјоделското земјиште е под органско производство
Следен напис ЕК воведува ограничувања за увоз на украински земјоделски производи до 5 јуни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?