Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Знаењата за безбедноста на храната, клучни и за здравјето на децата во градинките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Знаењата за безбедноста на храната, клучни и за здравјето на децата во градинките
Агровести

Знаењата за безбедноста на храната, клучни и за здравјето на децата во градинките

Објавено 26/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со реализација на циклусот обуки за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи.
-Целта на едукациите е да се превенираат инциденти поврзани со небезбедна храна во предучилишните установи, преку едукација на персоналот за опасностите во храната и правилната примена на HACCP принципите согласно Законот за безбедност на храна.
Храната која се послужува во градинките и е наменета за исхрана на најмалите – децата, како најранлива и најчувствителна категорија на граѓани мора да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на децата од физички, микробиолошки и хемиски опасности кои можат да се пренесат преку небезбедна храна. Таа треба да е подготвена според критериумите за безбедност и квалитет на храната, да ги следи нормите кои се однесуваат на принципите на добра хигиенска и добра производна пракса и тоа во целиот процес – истакна за медиумите директорот на АХВ Николче Бабовски, кој учествуваше на обуката за претставници од градинките која се одржа во Кино Манаки во Битола, како дел од едукативните активности кои ќе ги реализира АХВ во Пелагонискиот регион.

Исклучително важно е принципите на безбедност да се почитуваат во сите алки во синџирот на храната, објасни тој, почнувајќи од подготовката на тендерската спецификација за набавка на суровини и храна, располагањето со соодветен прибор, материјали кои доаѓаат во контакт со храната и опрема за нејзина подготовка и чување, набавка на средства за чистење и дезинфекција, прием, складирање, подготовка, транспорт и послужување на храната.
-Обуките за обновување и стекнување на нови знаења за безбедноста на храната во градинките почнаа во 2022 година при што спроведени беа едукации во 19 градинки во Скопскиот регион со кои беа опфатени 351 вработени лица кои директно и индиректно се вклучени во синџирот на подготовка на храна. Од планираното за годинава, почнати се едукации ширум државата, со што до
крајот на летото ќе бидат опфатени 7 региони – објасни Бабовски.

Минатиот месец, АХВ одржа обуки во источниот и југоисточниот регион поточно во Штип, Кочани и Струмица, а овој месец едукации се одржаа во градинките во Куманово. Во Пелагонискиот регион, со обуки ќе бидат опфатени и општините Ресен, Битола, Новаци, Демир Хисар, Кривогаштани, Прилеп и Крушево. Општините Долнени и Могила немаат градинки.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АХВбабовски
Претходен напис Повеќе од десет сантиментри нова снежна покривка на Попова Шапка
Следен напис Утре и задутре сончево, за викендот повторно дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?