Унгарија и другите земји од ЕУ кои неодамна го забранија увозот на жито од Украина сакаат забраната да трае до крајот на 2023 година.
-Би сакале Европската комисија да ги прифати мерките што ги донесовме, бидејќи сакаме да ги задржиме до крајот на оваа година и на тој начин да им дозволиме на нашите земјоделци да ги ожнеат посевите и да ја складираат реколтата – напиша на Фејсбук унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.
Полска беше првата земја од ЕУ што го забрани увозот на украинско жито и земјоделски производи за да ги заштити своите земјоделци, минатата недела Унгарија го направи истиот чекор, а и се приклучија Словачка и Бугарија.
Споменатите земји станаа транзитни рути за украинското жито кое не се извезуваше преку украинските пристаништа во Црното Море.
Поради тесните грла, милиони тони украинско жито останаа во земјите кои граничат со Украина, како Унгарија и Полска.
