Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервал од 2 до 10 степени, а дневната од 8 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура е 8 степени, а максималната до 16 степени.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје утре сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
