Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Промоција на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Фото) Промоција на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“
АгровестиСаеми и манифестации

(Фото) Промоција на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“

Објавено 26/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во текот на вчерашниот ден се одржа промоција на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“. Здружението е водечки центар на професионалци во земјоделскиот сектор кои работат заедно за да создадат конкурентен земјоделско-прехранбен сектор преку пренос на знаење, технологија, информации и иновации во секторот.

-Агроном 1947 е формиран со слободно здружување на земјоделските инженери во Република Северна Македонија, заради остварување на професионалните интереси во насока на препознавање и промоција на професијата, достигнувањата во секторот и влијанието во процесите на креирање, следење и имплементирање на иновативните политики во земјоделството и руралниот развој, наведуваат од здружението.

На настанот беа презентирани целите и програмата за работа на здружението.

Цели на здружението

-Здружување, координирање и застапување на земјоделските инженери во државата;
-Промовирање на професијата, академската извонредност и професионалната етика;
-Едукација и советување на членовите на здружението;
-Поддршка на членовите на здружението во процесот на подобрување на земјоделското производство и унапредување на руралните средини;
-Промовирање на вредноста и важноста на зачувување и подобрување на земјоделството и руралните средини во севкупниот социо-економски развој на земјата;
-Промовирање на социјалниот и економскиот развој на руралниот сектор и претставување на „аграрните права“ во меѓународните форуми и Владата  

Активности на здружението

-Промоција на Здружението
-Неформалната едукација и советување на членовите на здружението, спроведување на голем број на активности во насока на зголемување на професионализацијата
-Медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението и професијата
-Организирање на Годишно собрание на Здружението и избор на органите на управување на Здружението
-Организирање на конференции, семинари, обуки и сличен вид на активности
-Организирање на Годишната конференција на земјоделските инженери во државата на меѓународнот ден на зејодлските инженери 18.09.2023 година на која ќе земат учество и претставници на меѓународни организации

Редовен член на Здружението може да биде секој дипломиран земјоделски инженер на територијата на Република Северна Македонија. Постои можност и за членување и на сите други заинтересирани лица кои ги споделуваат вредностите на Здружението и имаат желба да се вклучат во реализирањето на активностите и постигнувањето на целите на Здружението, како почесни членови.

Сите заинтересирани можат да се зачленат во Агроном 1947 и онлајн на следниов ЛИНК.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агроном 1947ФЗНХ
Претходен напис Унгарија бара забрана за увоз на украински житарки до крајот на 2023 година
Следен напис Заложбите за заштита на Охридското Езеро повторно на тест – Загаден Студенчишткиот канал, недозволени градежни активности
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?