Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре во село Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре во село Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап
Агровести

Утре во село Петровец ќе се спроведе симулациска вежба за болеста лигавка и шап

Објавено 25/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора, утре, среда, 26.04.2023 година, во село Петровец, Општина Петровец ќе спроведат заедничка СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА за болеста лигавка и шап. Симулациската вежба се организира во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО (Food and Agriculture Organization)  и Европската комисија за контрола на болеста лигавка и шап, European Commission for the Control of Foot-and-Mouth Disease (EuFMD).
„Ја известуваме јавноста и локалното население во село Петровец, дека ова НЕ Е РЕАЛНА СИТУАЦИЈА и не претставува случај на појава на болест, односно активностите кои ќе бидат преземени утре, од страна Агенцијата за храна и ветеринарство се поврзани исклучиво со реализација на симулациската вежба. Преку оваа вежба, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги и работни задачи на учесниците, ќе се реализираат активности кои би се презеле во случај на појава на болеста лигавка и шап.
Во четврток (27.04.2023 година) ќе се направи евалуација на подготвеноста на планот за итни мерки за лигавка и шап кој се применува од двете земји учесници на симулациската вежба. Целта е да се констатираат добрите и слабите страни на одговорот при појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки, односно катастрофи кои го загрозуваат здравјето и благосостојбата на
животните. На симулациската вежба ќе присуствуваат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Ветеринарната комора на РСМ и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, како и експерти од Република Црна Гора и ЕУ.“, објаснуваат од АХВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АХВлигавкапетровецшап
Претходен напис Сезона на лалиња: Како омилениот пролетен цвет подолго да ја одржи свежината
Следен напис Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“ за несовесно работење во службата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?