Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иницијативата Отворен Балкан овозможи раст на трговската размена за речиси 30 проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Иницијативата Отворен Балкан овозможи раст на трговската размена за речиси 30 проценти
Агровести

Иницијативата Отворен Балкан овозможи раст на трговската размена за речиси 30 проценти

Објавено 24/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иницијативата „Отворен Балкан“ досега овозможи извозот или увозот на прехранбени производи меѓу земјите членки да се намали до 50 отсто, директните трошоци за даноци и такси се намалени до 80 отсто, што резултираше со зголемување на трговската размена во регионот на Отворен Балкан за речиси 30 отсто, покажа денеска истражувањето на Американските стопански комори (AmCham) во Србија, Северна Македонија и Албанија.

„Иницијативата Отворен Балкан претставува одлична можност за либерализација на капиталните текови, бидејќи ќе го направи регионот поатрактивен за нови инвестиции, како и за проширување на инвестициите“, рече претседателот на Амчам, Стефан Лазаревиќ, на конференцијата „Регионална економска соработка, Отворен Балкан: што може да очекува економијата?“.

Тој додаде дека е неопходно иницијативата Отворен Балкан да се прошири на сите пазари во Западен Балкан, со цел економската интеграција да биде уште поуспешна.

Лазаревиќ изјави и дека бизнис заедницата очекува многу од имплементацијата на постигнатите договори во доменот на слободен пристап до пазарот на трудот.

Тој потсети дека иницијативата Отворен Балкан има за цел да создаде единствен регионален пазар заснован на принципите и вредностите на кои се заснова единствениот пазар на Европската унија, а тоа се слободата на движење на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Српскиот министер за трговија Томислав Момировиќ истакна дека Отворениот Балкан е „еден од најважните аспекти на српската економска политика“.

„Поврзувањето на пазарите и интеграцијата на регионално и европско ниво немаат алтернатива. Секој друг пат е пат кон неизвесност, пат кон економска и политичка стагнација“, рече Момировиќ.

Тој додаде дека затоа Србија е решена на секој начин да го поврзе регионалниот пазар, потсетувајќи дека Отворен Балкан е иницијатива на лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија, односно не е наметната однадвор.

„Отворениот Балкан доведе до тоа денес Србија и Албанија да имаат најдобри политички односи во својата историја“, рече министерот за трговија на Србија и посочи дека Владата на Србија нема да се откаже од регионалните интеграции.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворен балкан
Претходен напис „Тиквеш“ почнува договорен откуп со лозарите за квалитетно грозје
Следен напис Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?