Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски на работна средба со Здружението на ветеринарни практичари на Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски на работна средба со Здружението на ветеринарни практичари на Србија
Агровести

Бабовски на работна средба со Здружението на ветеринарни практичари на Србија

Објавено 20/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денес оствари работна средба со г-дин Бојан Блонд, претседател на Здружение на ветеринарни практичари на Србија и со извршниот директор на Ветеринарна комора на Северна Македонија, г-дин Томислав Николовски, придружуван од претставници на Ветеринарната комора на Северна Македонија.

На состанокот директорот Бабовски беше запознаен со организацијата и функционирањето на Здружението на ветеринарни практичари на Србија кое е основано како професионално, сручно, непрофитно здружение со цел подобрување на угледот и значењето на ветеринарната струка во Србија. Земајќи во предвид дека заложба на ова здружение е остварување партнерски однос со сите ветеринарни комори во земјите од регионот, тие веќе имаат склучено договори за соработка со ветеринарните комори на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

“Голема чест и задоволство е Агенцијата за храна и ветеринарство да даде свој придонес во остварување на визијата и мисијата на Здружението на ветеринарни практичари на Србија и неговите партнери и како и останатите ветеринарни служби во регионот, ја поддржуваме иницијативата за потпишување на договор за соработка помеѓу АХВ и Здружението”, изјави директорот Бабовски.

За време на состанокот беа презентирани и резултатите од долгогодишната успешна соработка помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора на Северна Македонија која неодамна беше зајакната и со потпишувањето на “Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните”, која како што нагласува директорот Бабовски претставува прво системско решение за решавање на прашањата кои се однесуват на дефинирање на висината на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз основа на договорени принципи.

На средбата се заклучи дека оваа соработка претставува одлична можност како за подигнување на свеста на јавноста во однос на ветеринарната струка, така и за обезбедување конструктивна и блиска соработка помеѓу сите заегнати страни што претставува клуч за успешно спроведување на професионалните активности на докторите по ветеринарна медицина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Од полноќ поевтинуваат бензините, цената на дизелот не се менува
Следен напис Со дополнувањата на Законот за возила им се дава уште една законска можност на граѓаните да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиваторите…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?