Со предложените дополнувања на Законот за возила им се дава уште една законска можност на граѓаните во дополнителен рок кој воедно е и правен основ да можат преку постапка за легализација односно утврдување на соспственичкиот статус да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиватори, приколки за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L и да можат да ги вклучат во сообраќајот на патиштата како безбедни за намената која ја имаат.
Во Законот за возила по членот 97 се додаваат два нови члена 97-а и 97-б, кои гласат:
1) На физичките и правните лица на кои во постапка за утврдувањето на статус на сопственик односно во постапка на легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L согласно закон сопственичкиот статус не им е утврден, со денот на влегувањето во сила на овој закон статусот може да им се утврди со поднесување на предлог за легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L до месно и стварно надлежен суд, според местото каде што се наоѓа живеалиштето на подносителот на предлогот за легализација.
(2) Во предлогот за легализација од ставот (1) на овој член, подносителот ги наведува следниве податоци и ги доставува следниве прилози:
- идентификациски податоци-марка,
- тип, број на шасија и мотор ,
- година на производство на возилата од ставот (1) на овој член,
- причините поради кои се поднесува предлогот,
- изјава заверена на нотар, со која подносителот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека совесно го владеел возилата од ставот (1) на овој
член и дека за истите не се води друга постапка пред надлежен суд и - приложува други докази кои ги поседува за возилата од ставот (1) на овој
член.
(3) Судот во рок од три дена од денот на поднесување на предлогот преку огласна табла на судот ги информира заинтересираните правни или физички лица за поднесениот предлог. Објавувањето на известувањето од судот трае 30 дена од денот нa поставување на огласната табла.
(4) По истекот на рокот од ставот (4) на овој член, доколку со докажување на својот правен интерес заинтересирано лице писмено до судот не се обрати, судот во рок од 15 дена ќе донесе решение за легализација-утврдување на сопственички статус на возилата од ставот (1) на овој член.
(5) Во случаите кога ќе се јави заинтересирано лице кое ќе го докаже својот правен интерес, судот со решение ќе ги упати учесниците во рок кој не може да е подолг од 15
дена од денот на донесувањето на решението да поведат парнична постапка. Ако 15 дена од денот на донесувањето на решението заинтересираното лице не поведе парнична
постапка, постапката за легализација продолжува.
(6) Против решението за легализација-утврдување на сопственички статус од ставовите (4) и (5) на овој член во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението
дозволена е жалба пред надлежен суд.
(7) Со неподнесување на жалба во рокот од ставот (5) на овој член, решението станува правосилно.
(8) Подносителот предлог за легализација на трактор, тракторска приколка, мобилна машина, мотокултиватор, приколка за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L прелогот во постапка утврдена со овој закон може да го поднесе најдоцна до 31 декември 2022 година.
Член 97-б
(1) Физички или правни лица кои совесно ги владеат и ги користат на територијата на Република Северна Македонија тракторите и тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиваторите, приколките за домување, како и возилата од категориите О1, О2 и L, кои до денот на влегување во сила на овој закон не поднеле барање за регистрација, а кои не ги исполнуваат условите од членот 31 став (2) алинеи 1, 2, 3 и 4 од овој закон,од денот на влегувањето во сила на овој закон до 31 декември 2022 година може да поднесат барање за регистрација до Министерството за внатрешни работи со кое ги доставуваат и следниве прилози:
- доказ за сопственост или решение за утврдување на сопственички статус на трактори и тракторски приколки, мобилните машини, мотокултиваторите, приколките за
домување, како и возилата од категориите О1, О2 и L, - согласност за регистрација за трактори и тракторски приколки, мотокултиваторите, приколките за домување, како и возилата од категориите О1, О2 и L1e, издадена во
постапка на идентификација и оцена на техничка состојба од овластена техничка служба или правно лице за технички преглед овластено за вршење на идентификација и
идентификација и оцена на техничка состојба на возила, - потврда за утврдени минимално-технички и експолатацациони карактеристики за мобилните машини издадена во постапка на идентификација и оцена на техничката состојба на возилото и
- доказ дека се исполнети условите од членот 31 став (2) алинеи 5 и 11 од овој закон.“.
