Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Помошта од ЕУ преку ИПАРД2 програмата е целосно искористена во земјоделството, склучени се повеќе од 2.360 договори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Помошта од ЕУ преку ИПАРД2 програмата е целосно искористена во земјоделството, склучени се повеќе од 2.360 договори
Агровести

Бачовски: Помошта од ЕУ преку ИПАРД2 програмата е целосно искористена во земјоделството, склучени се повеќе од 2.360 договори

Објавено 17/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Голем дел од ИПАРД програмата, односно помошта од ЕУ оди во земјоделството. Ако порано и не беше толку голема искористеноста на помошта, сега Македонија е на врвот на земјите од Балканот по искористеност на фондовите. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски вели дека при крај се со имплементацијата на ИПАРД2 а веќе се подготвуваат за ИПАРД 3.

„Целокупниот буџет кој што ни беше на располагање даден од страна на Европската унија односно 60 милиони евра е целосно искористен односно склучени се повеќе од 2.360 договори. Што значи дека добро оди работата со ИПАРД2 средствата се целосно искористени. Токму затоа во следниот период во ИПАРД3 ќе имаме уште поголем буџет, односно од 60 милиони европски средства одиме на 97 милиони евра.“, рече Бачовски во интервјуто за tv21.

Најголем дел од апликации се однесуваат за модернизација на земјоделската механизација, системи за наводнување, подигнување нови насади, опрема за фарми, опрема за пчеларство, па дури и за развој на рурален туризам. Буквално во секое село низ државата имаме корисници и тоа придонесува за заживување на руралните средини вели Бачовски.

„Пред се се помага во обновата на земјоделската механизација која што беше прилично застарена, секако она што нас најмногу не радува како постигнати резултати се новите преработувачки капацитети или модернизирање на веќе постоечките. Имаме многу модернизирани винарии, нови винарии, модернизирани млекари, нови млекари и така натаму секако важен аспект на програмата е и поддршката што се дава за бизнисите во руралните средини односно посебно мерката за рурален туризам каде што во оние места кои што важат за туристички дестинации од рурален аспект.“, изјави Бачовски.

Бачовски уште додава и дека голем дел од апликантите се физички лица, но има и значителен дел во кои за помош аплицираат и фирми.

Подигнете расадници за одгледување на цвеќе, украсни растенија и дрвја, преку ИПАРД 3: Механизација, системи за наводнување, опрема за контрола и заштита…

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бачовскиИПАРД
Претходен напис Амбициите на ЕУ за одржливост кај пестицидите ги става европските земјоделци во незгодна позиција
Следен напис Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?