Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Амбициите на ЕУ за одржливост кај пестицидите ги става европските земјоделци во незгодна позиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Амбициите на ЕУ за одржливост кај пестицидите ги става европските земјоделци во незгодна позиција
Агровести

Амбициите на ЕУ за одржливост кај пестицидите ги става европските земјоделци во незгодна позиција

Објавено 17/04/2023
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Колку може животната средина во Европа да ја издржи изложеноста на земјоделски хемикалии? Спорот околу употребата на пестициди ферментира уште од објавувањето на плановите за значително намалување од страна на Брисел. И поддржувачите и опонентите тврдат: доколку не сме слушнати се доведува во опасност снабдувањето со храна.

Во летото 2022 година, Европската комисија претстави предлог законодавство што, меѓу другото, овозможува намалување на употребата и ризикот од хемиски пестициди до 50 проценти до 2030 година.

Предлогот на Европската комисија е пречекан со отпор од неколку земји членки на ЕУ. Додека некои го препознаваат значењето на мерките како заштита на животната средина, други алармираат околу влијанието врз нивните земјоделски индустрии и сигурноста на храната во Европа во целина.

Сара Винер, пратеничка во Европскиот парламент од групата на Зелените, повикува на поостри правила во спорот околу значителното намалување на пестицидите во европското земјоделство. Во еден извештај таа предлага повеќе даноци за пестициди, поголемо намалување на особено опасните пестициди, како и компромиси за целосна забрана на хемикалии во многу чувствителни области. На пример, Винер предлага во забраната да има исклучоци за органски пестициди.

Дали амбициите на Европската комисија за заштита на животната средина ќе преовладаат над загриженоста во рамките на ЕУ околу негативното влијание на земјоделскиот сектор и сигурноста на храната во Европа?

Хрватска со позитивен став, но предвидува намалувања на ниво на поединечни држави

Хрватското министерство за земјоделство соопшти дека е потребно да се забрза и олесни процесот на регистрација на алтернативни производи за заштита на растенијата на ниво на ЕУ и ставање на пазарот производи за заштита на растенијата што содржат биолошки активни супстанци за кои е обезбедена финансиска поддршка за сите земји членки.

Хрватското министерство за земјоделство исто така верува дека регулативата треба да пропише заедничка методологија за сите земји членки врз основа на која Европската комисија би го следела нивниот напредок и би ги споредувала со европскиот просек. Врз основа на тие податоци би се одредиле национални цели за намалување на употребата на пестициди за секоја поединечна земја членка. Би биле утврдени квантитативни национални цели за намалување на употребата на пестициди како дел од Националниот акциски план за постигнување на одржлива употреба на пестициди.

Исто така, Хрватска верува дека е потребно да се охрабри транзицијата кон алтернативни, постабилни методи на заштита, т.е. да се охрабри истражувањето во овој дел, да се обезбеди адекватна достапност на биолошки агенси и да се зајакне финансиската поддршка на ниво на ЕУ за дополнителни инвестиции во алтернативни методи или средства.

Повиците за спроведување на проценки на ниво на поединечни земји околу влијанието на намалената употреба на хемиски пестициди се поддржани, иако на поостар начин, од другите земји членки, кои веруваат дека Европската комисија не треба да ги става поединечните земјоделски сектори на купче.

Грижи околу суштинската сигурност на храната

Словенија се противи на влегувањето во сила на регулативата околу одржлива употреба на пестициди или производи за заштита на растенијата, главно поради тоа што истата не ги зема во предвид разликите меѓу земјоделските сектори на земјите членки. Словенечките земјоделци, кои излегоа на масовен протест на крајот на март, побараа од владата да ја отфрли регулативата. Тие рекоа дека предлогот е „катастрофален“ бидејќи областите што ги покрива претставуваат половина од територијата на земјата и 40 проценти од вкупните земјоделски површини.

Во текот на преговорите, Словенија предложи спроведување на различна методологија што би земала во предвид колку секоја земја придонесува во европскиот просек во однос на употребата на производи за заштита на растенијата. Меѓу оние кои се противат на драстичното намалување на употребата на пестициди е пратеникот во Европскиот Парламент Франц Богович од Европската народна партија (ЕПП). Тој поднесе голем број амандмани за измена на регулативата и намалување на таргетите. Тој исто така повика на спроведување проценка на влијанието на предложената регулатива врз сигурноста на храната за секоја поединечна земја, велејќи дека прописот, каков што е сега, може сериозно да ја загрози сигурноста на храната на земјите.

Во Германија, предлогот ги извади земјоделците на улица, каде протестираа со околу 200 трактори во Бон. Германските пратеници во ЕП од христијанско-демократската ЦДУ/ЦСУ изразија разбирање за протестите. Германскиот пратеник во ЕП Норберт Линс исто така ја критикуваше најавената целосна забрана на пестициди во одредени заштитени подрачја.

Акцент на поединечните услови во секоја држава

Здружението на романската индустрија за заштита на растенијата (АИПРОМ) тврди дека методологијата на цели за намалување на пестициди треба да продолжи да се заснова на искористеност и ризик но исто така треба да ги земе во предвид земјоделските услови во секоја поединечна земја, минати постигнувања и различните почетни точки за секоја земја-членка.

„Романија, преку Националната фитосанитарна агенција, смета дека предлог-регулативата околу одржливата употреба на производи за заштита на растенијата подготвена од страна на Европската комисија мора да даде приоритет на сигурноста и безбедноста на храната за европските граѓани над амбициите за заштита на животната средина“, соопшти министерот за земјоделство и рурален развој Петре Даеа.

Италија, заедно со мнозинството земји-членки, побара дополнителни податоци од Комисијата за да се разгледа влијанието што предлогот за преполовување на употребата на пестициди до 2030 година го има врз производството. Во однос на намалувањето на пестицидите, „потребно е да отвориме сериозна дебата и да направиме истражување“ со цел „намалувањето на пестицидите да кореспондира со активностите преземени за нивна замена“, рече италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на маргините на самитот на Советот на ЕУ во декември минатата година.

Уште од времето кога Европската комисија го објави предлогот минатото лето, Шпанија изрази резерви околу идејата за намалување на употребата на хемиски пестициди до 2030 година. Шпанската влада ги повика земјоделците да имаат доволно алтернативи за овие пестициди пред спроведувањето на новите ограничувања. Покрај тоа, шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас ја бранеше потребата да се усогласи заштитата на животната средина со економската активност на земјоделството, што претставува клучен сектор за многу рурални области во земјата.

Србија цели кон усогласување со правилата за пестициди на ЕУ

Во Србија, кандидат за членство во ЕУ уште од 2008 година, земјоделците кои користат средства од претпристапните фондови потпишуваат договор со кој се обврзуваат дека ќе ги почитуваат сите ЕУ стандарди на нивните фарми, така што се следи употребата на пестициди, нивниот квалитет, методи на примена, складирање, и управување со отпад. Целта е сите фармери да се обврзат на ова за да се добие реална слика за квалитетот на актуелните хемиските пестициди и како истите се користат.

„Нашата листа на дозволени препарати не е се уште 100 проценти усогласена со ЕУ, нешто кон што се стремиме, и секоја година одреден број на препарати се бришат од листата,“ вели Миленко Јовановиќ од Српското здружение на млади фармери (СУМП). „Целта е целосно усогласување со ЕУ за околу 3-5 години, но фактот што ова усогласување ќе оди заедно со нови дополнителни ограничувања ќе има негативен ефект врз расположението на земјоделците бидејќи тие ќе го поскапат и отежнат производството. Заштитата на културите претставува се поголем предизвик со текот на годините,“ нагласува Јовановиќ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пестицици
Претходен напис ЕУ: Неприфатливи се едностраните забрани за увоз на украинско жито од Полска и Унгарија
Следен напис Бачовски: Помошта од ЕУ преку ИПАРД2 програмата е целосно искористена во земјоделството, склучени се повеќе од 2.360 договори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?