Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, затоплување се очекува од мај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, затоплување се очекува од мај
Агропрогноза

Годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, затоплување се очекува од мај

Објавено 13/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Невообичаеното поладно време за овој период од годината на почетокот на овој месец беше проследено и со врнежи од снег во некои соседни држави.

Со цел да добиеме одговори зошто годинава имаме невообичаено променлива и постудена пролет, МИА разговараше со професорот Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, кој работи како редовен професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет.

Спиридонов вели дека одговорот не е така едноставен бидејќи повеќе фактори влијаат на формирањето на сезонската слика за времето.

Општата атмосферска и океанска циркулација, температурата на површината на океаните и морињата, отстапувањето на температурите и притисокот и други чинители се основните двигатели на сезонските промени на времето во рамки на климатските варијации, појаснува професорот Спиридонов.

-Променливата, влажна и ветровита прва половина од пролетта 2023 се должи на наглото „стратосферно загревање“ кое настана како резултат на дисрупција на поларниот вртлог, и услови појава на блокирање на пролетта во северниот дел на Атлантскиот Океан и Скандинавија и нестабилен поларен вртлог. Овој климатски мод придонесе за формирање на нестабилна млазна струја, со почести продори на ладен воздух од северните делови на европскиот континент и формирање на атмосферски системи со променливи, влажни, ветровити и поладни временски услови, вели Спиридонов.

Посочува дека според сегашните временски показатели, по Велигден, односно од 17 април се очекува релативно стабилен период со температури во рамки на просечните, но пред 1 мај се очекува променлив нестабилен период. Потопло време кое ќе наликува на пролет се очекува веќе од мај.

-Долгорочната сезонска прогноза на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), иако ориентациона, покажува потопол тримесечен период (мај- јуни-јули) од просечниот за периодот 1993-2016 година во интервалот од 0.5 до 1.00 степен, додека врнежите би биле во рамки на просечните, истакнува професорот Спиридонов, кој има направено и детална анализа за тоа зошто оваа пролет е променлива и постудена од останатите.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Вицепремиерот Битиќи во посета на винаријата „Лазар“ во Кавадарци
Следен напис Прогноза за глобалното производство на пченица и останати житни култури во 2022/23
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?