Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски со свое обраќање на меѓународната конференција „Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во Југоисточна Европа“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски со свое обраќање на меѓународната конференција „Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во Југоисточна Европа“
Агровести

Бабовски со свое обраќање на меѓународната конференција „Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во Југоисточна Европа“

Објавено 11/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес и утре, во Подгорица, Република Црна Гора, на покана на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, учествува на конференцијата „Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во Југоисточна Европа”. На конференцијата учествуваат повеќе од десет делегации на земји-учеснички на Процесот на соработка во југоисточна Европа (СЕЕЦП), како и високи претставници на меѓународни организации од областа на безбедноста на храната. Целта на конференцијата е размена на искуства и знаења од оваа област од земјите од регионот и воспоставување нови соработки и партнерства.

-Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија е независен орган на државната управа одговорен за креирање политики и за спроведување на активности поврзани со безбедноста на храната и храната за животни, во сите фази на производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата. Покрај Законот за безбедност на храната, сите останати закони по кои постапува Агенцијата се комплетно усогласени со европското законодавство, постапувајќи
согласно интегрираниот пристап „од фарма до вилушка“ – истакна Бабовски во обраќањето на првата сесија од Конференцијата, објаснувајќи ги надлежностите и активностите на АХВ.
Обезбедување безбедност на храната која се произведува но и увезува во земјата се целите кон кои се стреми АХВ, бидејќи секој од нас како потрошувач има право да консумира безбедна и квалитетна храна. Одржувањето на високо ниво на доверба на потрошувачите со преземање на навремени и ефикасни активности за спречување на опасности, ризици и закани низ целиот ланец на исхрана, додаде Бабовски во обраќањето пред учесниците на Конференцијата, како и поддршката на прехранбената индустрија во постигнување на високо ниво на усогласеност со правилата за безбедност и квалитет на храната, се дел од приоритетите кон кои се насочени активностите на нашата институција.
-Еден од најголемите предизвици за надлежните органи за безбедност на храната денес е спречување на измамите со храна кои понекогаш може да имаат сериозни импликации врз безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Поаѓајќи од принципот „Безбедноста на храната е сечија одговорност“, Агенцијата за храна и ветеринарство е посветена на спроведување активности за подобро информирање на потрошувачите, нивна едукација, спроведување контролни и превентивни мерки, обезбедување независна научна експертиза придружена со лабораториски капацитет за проверка на автентичноста на храната, воведување и одржување на системот за собирање, следење и анализирање на информации поврзани со измамите со
храна и развој на механизми и техники за истраги поврзани со нив, како и воспоставување соработка со Мрежата за измами со храна на Европската унија и доколку е можно, пристапување кон Мрежата за следење на онлајн трговијата – потенцира Бабовски.
Агенцијата за храна и ветеринарство во последните години презема низа активности со цел да ја подигне јавната свест дека безбедноста на храната е одговорност не само на надлежниот орган, туку и на операторите со храна, потрошувачите и пошироката јавност.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:АХВ
Претходен напис Се менуваат дел од замрзнатите цени: Доматите и краставиците максимум 95 денари, пиперот до 100, кромид 70…
Следен напис Исплатени дополнителните 3 денари за произведена и предадена оризова арпа во преработувачки капацитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?