Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Презентација на предлог-решението за правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Презентација на предлог-решението за правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците
Агровести

Презентација на предлог-решението за правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците

Објавено 11/04/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за заштита од дискриминација денеска организираат прес-конференција за проблемот со правото на надомест во случај на бременост, мајчинство и боледување кај земјоделците. Презентирани ќе бидат и предлог-решението што го изготви Мрежата за заштита од дискриминација, како и мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

-Се работи за мултисекторски проблем поврзан со работничките права, статусот на земјоделците, социјалните и здравствените права кои се во надлежност на повеќе ресори. Неовозможувањето право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство и платен надоместок поради болест или повреда е нехумана политика која дополнително го отежнува животот на луѓето од руралните области, со фокус на земјоделците и е спротивна на меѓународните и европските стандарди во областа како што се директивите на ЕУ, стандардите на Меѓународната организација на трудот и Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените. Додека институциите одбиваат да донесат системско решение за овој проблем, земјоделките се соочуваат со бројни негативни последици од овие политики како што се несакани абортуси, компликации во бременоста и прерано прекинување со доењето бидејќи не можат да си дозволат да го намалат обемот на работа, со што би го изгубиле и онака малиот приход од земјоделска дејност, се наведува во најавата за прес-конференцијата.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење со кое се утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација кон земјоделците и земјоделките во остварување на правата согласно Законот за здравствено осигурување и тоа правото на надомест во случај на боледување, бременост, раѓање и мајчинство. Со мислењето Комисијата препорача Министерството за здравство да подготви и предложи измени на Законот за здравствено осигурување со кои ќе се овозможи индивидуалните земјоделци да стекнат право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство, како и право на платен надоместок за време на привремена спреченост од работа поради болест и повреда.

Мрежата за заштита од дискриминација, пак, подготви предлог-решение со кое бара од Министерството за здравство и/или од Собранието да се донесат измени според кои земјоделците ќе добијат право на платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство, каде основицата за пресметка на надоместокот е нето износот на минималната плата. Барањето за измени на Законот за здравствено осигурување и предлог-законското решение поддржано од 70 здруженија на граѓани беше испратено до Министерството за здравство и пратениците од Собранието на РСМ во декември 2022, но сѐ уште нема позитивен одговор.

На прес-конференцијата за проблемот и за досега преземените чекори за негово решавање ќе зборува Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација, мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе го презентира Анастасија Муратовска, додека предлог-решението за овозможување платено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство за индивидуални земјоделци ќе го образложи Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:бременост
Претходен напис Се очекува одлука од Владата за корекција на замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето
Следен напис Започна оценувањето на мостри ракии во рамки на меѓународниот фестивал ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?