Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделци бараат државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви, од Владата информираат дека количествата пченица во државава се на задоволително ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделци бараат државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви, од Владата информираат дека количествата пченица во државава се на задоволително ниво
Агровести

Земјоделци бараат државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви, од Владата информираат дека количествата пченица во државава се на задоволително ниво

Објавено 06/04/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државата да го откупи вишокот пченица за стоковите резерви и да нема увоз од странство, бараат дел производители од Пелагониско, кои имаат недооткупени количества пченица во амбарите.

Апелот и барањето тие ги упатија од пред прилепските силоси каде се користи простор за стоковите резерви.

– Упатуваме апел до мелничарите во Македонија и до надлежните иституции во државата, да се откупи пченицата од овие луѓе кои сѐ уште ја чуваат, а не да се увезува од Србија како што имаме непотврдени информации. Ова е вистинското време и што поскоро да се реагира зашто во тек се прихраните на новиот род, а и доцни втората прихрана, а на луѓето им се потребни средства. Производителите сега не бараат многу. Барат цена, барем да се покријат производните трошоци и трошоците за складирање. Тоа е околу 22 денари за килограм, изјави Стеванчо Јорданоски, производител од прилепското село Мажучиште кој чува преку 200 тони пченица.

-Јас имама 350 тони пченица. Не ја предадовме пченицата зашто млинарите не можеа да ни ја платат во готово. Бараме државата да ни ја откупи по реална цена. Да биде добро и за државата и за нас, а не како што слушаме 25 или 27 денари од Србија, изјави Тоде Лазаревски, производител од Ивањевци, Битолско.

Од Владата информираат дека количествата пченица во државава се на задоволително ниво и во моментов нема активен оглас за набавки. Годинава се одвоени четирипати повеќе средства од буџетот за стоковите резерви и се апелира предност да се даде на домашните производители.

-За 2023 година со Буџетот се планирани 352 милиони денари за стоковите резерви, кои во претходните две години биле на ниво од 80 милиони денари. Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство секогаш е на страната на земјоделците, затоа апелираме предност да се даде на домашните производители и домашните количини на пченица, стои меѓу другото во информацијата од Владата.

Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија вели дека за проблемот со недооткупената пченица ќе се бара средба во Министерството за земјоделство.

– Ќе бараме средба во Министерството за земјоделство за да се бара решение за проблемот со недооткупената пченица која е во амбарите на земјоделците. Сметаме дека во земјава има околу 5.000 тони недооткупена пченица, вели Стојкоски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченица
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со повремен дожд и снег
Следен напис Дискусија за добивање дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи ќе се одржи денеска во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?