Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупувачите и препродавачите на овошје и зеленчук со најголем ќар, маржата на некои производи одела и до 250%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупувачите и препродавачите на овошје и зеленчук со најголем ќар, маржата на некои производи одела и до 250%
АгровестиПазари

Откупувачите и препродавачите на овошје и зеленчук со најголем ќар, маржата на некои производи одела и до 250%

Објавено 05/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата донесе одлука да се замрзне односно утврди највисока продажна цена на 11 прехранбени производи од програмата овошје и зеленчук.

Но она што некако остана во втор план од прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши е разликата помеѓу цената на килограм увезени овошје и зеленчук и онаа што граѓаните ја плаќаа на пазарите и во маркетите до пред некој ден.

На одредени производи, таа разлика односно маржа изнесува и до 250 проценти.

Па така, согласно информациите што вчера беа претставени цената на еден килограм увезен домат со вклучена царина во периодот од 15-28.03 изнесувала 40,66 денари, додека просечната најзастапена цена доставена до Министерството за земјоделство до 21.03.2023 година изнесувала 138,49 денари.

Тоа е разлика од неверојатни 250 проценти.

Слично е и кај пиперката каде увозната цена со платена царина во истиот период изнесува 55,43 денари, додека најзастапена цена до 21.03 била 198,89 денари за килограм.

Огромни разлики има и во цените на карфиолот, на гравот, на краставицата каде маржата е околу 150 проценти.

Сето тоа укажува дека македонските граѓани, плаќале огромни цени затоа што и огромен дел од добивката заминувала кај откупувачите, увозниците и дистрибутерите.

Токму тие се најгласните противници на замрзнувањето на цените, додека оваа мерка во голем дел беше поздравена од страна на граѓаните.

Извор: 24info.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:замрзнувањезеленчуковошјепазарицени
Претходен напис Почина професорот Мишо Христовски
Следен напис Времето денеска променливо облачно со повремен дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?