Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Со иницијативата Отворен Балкан му покажуваме на светот дека има надеж за подобра иднина за сите во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Со иницијативата Отворен Балкан му покажуваме на светот дека има надеж за подобра иднина за сите во регионот
Агровести

Ковачевски: Со иницијативата Отворен Балкан му покажуваме на светот дека има надеж за подобра иднина за сите во регионот

Објавено 03/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваа на Саемот на вино „ВинИтали“ во Верона, Италија, каде што на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ беа презентирани најквалитетните вина од Северна Македонија, Србија и од Албанија.

„Отворен Балкан е моќна економска иницијатива која дава вистински резултати за луѓето и бизнисите. Со фокус на основните слободи на Европската Унија, слободното движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, градиме посилен, попросперитетен балкански регион.
Оваа иницијатива е заснована на принципите на добра волја, и добри меѓусоседски односи меѓу нашите три земји – Северна Македонија, Србија и Албанија. Со тоа што работиме заедно, му покажуваме на светот дека има надеж за подобра иднина за сите во регионот.
Со Отворен Балкан создаваме подобар и полесен живот за нашите граѓани. Заедно, можеме да создадеме европски Балкан – стабилен, просперитетен и полн со можности!“, рече премиерот Ковачевски.

„Отворен Балкан нуди многу можности, со отворени граници без административни процедури, чекања и бариери. Инвестираме во силна промоција на македонското вино. Иницијативата Отворен Балкан е од суштинско значење за економскиот и трговски развој на нашите земји. Заедничкото претставување на најдоброто вино од Северна Македонија, Србија и Албанија вродува со плод и резултат. Нашиот штанд е најпосетен, има најдобри коментари и секако најголема привлечност за љубителите на виното и професионалните купувачи.“, потенцираше министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворен балкан
Претходен напис Николовски: Со извоз вреден 61,4 милиони евра, Северна Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот
Следен напис (ВИДЕО) Трактор со едно тркало – Дали е ова дизајнот на иднината?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?