На Саемот на вино „ВинИтали“ во Верона, Италија, на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ беа презентирани најквалитетните вина од Северна Македонија, Србија и од Албанија. На Саемот присуствуваа и премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Со извоз вреден 61,4 милиони евра Северна Македонија е 29 најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Достигнавме до 220 регистрирани мали семејни винарии, што е голем успех и показател на нашата посветеност.
Македонските винарии се големи корисници на ИПАРД 2 во овие 5 години. Нивните инвестиции и модернизација преку ИПАРД 2 ја поставија нашата земја на лидерското место и во искористеност на ИПАРД и во извоз на вино. Продолжуваме со јасна стратегија на развој и во следните 5 години со ИПАРД 3, но и на долг рок.“, рече Николовски.
