Утрото го започнав со пофалните зборови на Франк Болен и Зиго Рутковис, претставници на Европската Комисија за ИПАРД за Република Северна Македонија, за нашата лидерска позиција во регионот, во поглед на искористеноста на средствата од ИПАРД 2.
Токму затоа со новата ИПАРД 3 програма Европската Унија ги зголеми средствата за 62% и гордо може да кажеме дека сме земја која е целосно подготвена за имплементација на ИПАРД 3 и распишување на првиот повик.
Ја продолжуваме соработката со Европската Унија и веќе во четврток одиме на средба со Комесарот Јануш Војчеховски и министрите од Албанија, Црна Гора и Србија каде што ќе разговараме за финализирањето на ИПАРД 2.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
