Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пенов: Придобивките од собирањето и преработката на отпадот од лозовите насади се чиста, зелена енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пенов: Придобивките од собирањето и преработката на отпадот од лозовите насади се чиста, зелена енергија
Агровести

Пенов: Придобивките од собирањето и преработката на отпадот од лозовите насади се чиста, зелена енергија

Објавено 24/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку проектот за развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и на вино во Тиквешкиот регион, денеска беа презентирани придобивките од циркуларната економија и можностите за претворање на отпадот во енергија.

-Наместо да се трошат пари за складирање и уништување, отпадот можеме да го претвориме во енергија или нов производ кој што ќе биде баран на пазарот, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

-Ваквите иновативни, зелени идеи, ако се добро развиени, можат да бидат финансирани од Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го обезбедува Министерството за локална самоуправа. Токму затоа сакам да ја поздравам иницијативноста на винаријата Бовин и да ги повикам градоначалниците да подготвуваат проекти кои се иновативни и конкурентни. Идејата е пред нас, да ја претвориме во реалност.

Министерот за локална самоуправа изрази задоволство што е препознаена улогата на општините и на регионите во развојот на иницијативата за преработка на отпадот и создавање на нова вредност.

-Корисноста ќе биде голема за сите. Развиените земји многу вложуваат во циркуларната економија, пред се затоа што е дел од зелената агенда и затоа што се работи паметно. Време е ние, не само да ја промовираме идејата, туку да почнеме со конкретни активности, нагласи Пенов.

Проектот се спроведува со поддршка од германската Влада преку Германското друштво за меѓународна соработка и винаријата Бовин, а вклучен е и Центарот за истражување и креирање на политики во подигнувањето на јавната свест меѓу јавниот и бизнис секторот.

-Со воспоставување на јавно-приватно партнерство, бизнисот и општините заеднички можат да се вклучат во овој процес од што придобивки ќе имаат сите, вклучително и државата. Ваквите иницијативи го поттикнуваат претприемачкиот дух, а институциите и општините треба да создадат услови за реализација на бизнис идеите, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ристо пенов
Претходен напис За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер
Следен напис Времето денеска облачно, попладне пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?