Најмногу дожд 28 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Охрид, 25 литри во Битола, 22 во Крушево, 19 во Дебар, 10 во Прилеп, шест во Демир Капија, пет во Гевгелија, а четири литри во Скопје.
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -6 степени, во Маврово е -3, во Скопје плус четири и најтопло во Гевгелија со шест степени.
Во Крушево има снежна покривка од 13 сантиметри, во Маврово три, а на Попова Шапка два сантиметра.
Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи имаше во југозападните делови. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, на планините и на повисоките места локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има на планинскиот премин Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
