Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можни нови построги мерки ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можни нови построги мерки ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени
Агровести

Можни нови построги мерки ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Објавено 10/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.

Тој денеска на прес-конференција во Владата беше дециден, дека на 16 март цените на тестенините и млечните производи мора да бидат намалени. Во спротивно, како што најави, ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.

-Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.

Министерот изрази очекување производителите да се откажат од профитите.

-Одлуката беше дека 20 отсто може да си делат производителите и трговците на мало како профит и тоа се покажува во нивните тековни состојби. Ве повикувам да ги проверите тековните состојби од претходната година. Ќе видите дека ниту една компанија не е оштетена од Владата во однос на профитите. Простор за намалување на цените има и убеден сум дека сите ќе ја почтиваат одлуката, истакна Бектеши.

Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:млечните производипостроги меркитестенинитецените
Претходен напис Во јануари забележан е раст на извозот на албански производи за македонскиот пазар 
Следен напис Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јацата и оризот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?