Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По примерот со лебот, земјоделците бараат Владата да утврди цена на чинење на сите земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По примерот со лебот, земјоделците бараат Владата да утврди цена на чинење на сите земјоделски производи
Агровести

По примерот со лебот, земјоделците бараат Владата да утврди цена на чинење на сите земјоделски производи

Објавено 05/03/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Начинот на регулирање на цената на лебот најави отворање на нови можности и опции, и тоа во обем кој на почетокот не се очекуваше.

По обелоденувањето од страна на Министерството за економија дека по лебот, веќе се прават пресметки за цените на уште неколку основни производи врз основа на кои ќе се продаваат по одредена максимална цена, со позитивни реакции излегоа земјоделските производители.

Како најоптимално  решение предлагаат соработка со Владата преку која заеднички ќе дојдат до цената на чинење на земјоделските кулури.

Според земјоделците со кои контактираше „Локално“,  секој земјоделски производ  треба да има цена на чинење во која ќе влезат сите трошоци на производството за производи од растително и животинско потекло, и под неа  да не се продава даден земјоделски производ.

На овој начин, според нив, не само што ќе се мотивираат земјоделците, туку и нема да се намалува производството, туку напротив, тоа ќе се зголеми.

„За нас, производителите на пченица е важно заедно со Владата да ја утврдиме цената на чинење на производството на пченицата и секако на цената којашто треба да ја имаме како маржа. На овој начин ќе знаеме дали треба да се бавиме со производство на оваа култура од животно значење  или пак да  се откажеме. Доколку државата  сака да има производство на пченица,  во ситуација на минусна калкулацијата, тогаш таа е должна да ја покрие  разликата од производствената до продажната цена. Значи, нам ни е единствено важно да не одиме во загуба , состојба која во минатото неколку пати ни се случуваше и беше една од причините за намалување на производството“, изјави за „Локално“, Петар Стојковски, Претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Утврдување на цена на земјоделските производи под којашто нема да смее да се оди и тоа врз основа на прецизни пресметки, бараат и производителите на раноградинарските култури. Според нив, фер цена ќе значи спас за земјоделството, но и негова заштита од “уцените’’ на трговците или преработувачите кои во голем број случаи им ги откупуваат производите по далеку пониски цени од реалните.

“Сведоци сме веќе 20 години дека културата што е најзастапена во струмичкиот и прилепскиот регион, индустриската пиперка, има цена на откуп 20 денари. Ако се земат предвид трошоците за  производство што земјоделците ги имале пред 20 години и тие што беа на пример минатата и оваа година, а со кои се соочуваат земјоделските производители, ќе видиме дека се далеку повисоки. Треба да се земат во превид и трошоците на откупувачите. И кај нив сигурно се зголемени трошоците и затоа неминовни се чести контакти меѓу самите производители, откупувачите и министерството, ако сакаме  земјоделецот да го вратиме на нивите. Вака како тргнала работата, ќе имаме се  помало производство, се помалку засадени  земјоделски површини и се помалку сточен фонд’’, изјави за „Локално“, Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион.

Конечно воспоставување ред во одредувањето на цените  врз основа на прецизни пресметки побараа и голем број економисти. Според Бранимир Јовановиќ, економски аналитичар од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владата треба да ги замрзне цените на сите основни прехрамбени производи.

„Значи, и на брашното, млекото, зејтинот, јајцата, шеќерот, месото, на сите оние производи кои сега имаат ограничена маржа. Ако тоа не се направи, цените пак ќе скокнат. Погрешно е  тоа што замрзнувањето се однесува само на лебот а не и на останатите прехранбени производи, па пекарите си викаат – зошто само на нас ни прават вака?“ , вели Јовановиќ.

Како аргумент го посочува фактот дека Владата премногу долго одбивала да ги замрзне цените, убедена дека треба единствено да ја слуша бизнис заедницата. Според него,  неприфатлива  е одлуката да им ги намали царините и даноците и да им дава евтина струја, со што всушност единствено им ги полнела џеповите на работодавачите.

Најзадоволни од регулирање на цената на сите основни производи секако најмногу би биле граѓаните. Притиснати од се понискиот стандард и соочени со секојдневни поскапувања, алармираат дека  не само што веќе ги имаат потрошено сите финансиски резерви, туку полека почнуваат да се борат за гол опстанок.

Извор: Локално.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Земјоделски производиземјоделцителеботцена
Претходен напис Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот
Следен напис Која е идеална температура на почвата при произведување расад
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?