Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот
Агровести

Асоцијација на земјоделците: Се очекува поголемо производство на пченица, треба да се намали зависноста од увозот

Објавено 05/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот.

Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто се зголемени површините со пченица во Прилепско.

– Зголемени се површините, есенскиот род е во добра состојба и ако во мај и јуни се погодни временските услови, производството очекувано ќе се зголеми, вели Томески.

Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија оценува дека на ланското произиводство од околу 250 000 тони се очекува зголемен род. Голема улога има интервентниот фонд на Министерството за земјоделство.

-Во 2021 и 2022 година, според моите сознанија, во земјава имаше посеано 75 000 хектари со пченица. Оваа година имаме зголемување на површините под пченица со 1000 хектари повеќе. И очекуваме зголемено производство за 30 000 тони. Секако, освен земјоделските политики, ќе влијаат и временските услови. Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство ги зголеми интересот и сигурноста на земјоделците за производството на лебното зрно, вели Стојкоски.

Сѐ уште мора да увезуваме, но се стремиме кон сопствено производство. Неопходна е перманентната државна поддршка за рентабилност.

-Имаме капацитети за производство и можеме повеќе да произведуваме, ама без загуби. Тука е улогата на државата да нѐ поддржува. Ако имаме производство од околу 250 000 тони и годинава се произведат уште 30 000 тони, според бројот на хектари засеани со пченица, ќе ни бидат потребни да покриеме уште 20 насто од потребите. Но, во секој случај, состојбите со производство на пченица и на леб се уредуваат во договор со државата, вели Стојкоски.

И откупувачите и земјоделците во амбарите чуваат околу 10 000 тони пченица очекувајќи подобра цена, но сѐ зависи од берзите.  

-Откупот на пченицата секогаш бил според берзанските цени. А во моментов берзанската цена на пченицата е од 16 до 17 денари. Оние што ја чуваат пченицата во амарите го носат и ризикот, вели Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Асоцијација на земјоделцитепченицаувозот
Претходен напис Маричиќ: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повеќе вреднуван
Следен напис По примерот со лебот, земјоделците бараат Владата да утврди цена на чинење на сите земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?