Во Обединетите Арапски Емирати, емиратот Шарџа, во близина на градот Млеихи, се наоѓа уникатен земјоделски имот на 400 ха, со големина од 500 фудбалски игралишта. Таму првата жетва на пченица се очекува во март, со принос од 1.700 тони, пишува National news. Пченицата е одгледувана во пустина без употреба на пестициди, хемикалии или генетски модифицирани семиња. Родот ќе биде преработен во мелници во локалната област и низ ОАЕ.
Претседателот на тамошното одделение за земјоделство и сточарство, Калифа Мусабех Ахмед Алтенеиџи, вели дека жетвата ја очекуваат меѓу 15 и 20 март, а пченицата ќе биде достапна на пазарот во мај или јуни. Целта на проектот е етапно да достигне вкупна површина од 1.900 хектари. Алтенеиџи го истакнува големото значење на нејзиното одгледување, бидејќи оваа земја увезува 1,7 милиони тони пченица.
За време на пандемијата ковид-19, тие беа соочени со проблеми со снабдувањето и затоа, според директивата на шеикот Султан бин Мухамед Ал Касими, владетелот на Шарџа, започнале со производство. Резултатите од анализата на почвата покажале дека обезбедува најпогодни услови во Млеиха.
Фармата е опремена со најсовремена технологија, која вклучува сензори за температура и влага во почвата, за да не се губи водата, како и сателитска технологија која обезбедува низа податоци.
Метеоролошката станица на лице место предвидува податоци за температурата, брзината на ветерот и влажноста до 48 часа. Доколку се прогнозира дожд, наводнувањето се намалува.
Инаку, нивите се наводнуваат со помош на резервоар со капацитет од 16.000 кубни метри вода. Шест големи вшмукувачки пумпи обезбедуваат до 60.000 кубни метри вода дневно. Се користат кружни системи за наводнување кои се движат со помош на мотори, додека сателитскиот мониторинг се врши од далечина со помош на апликации. Сè е автоматизирано и целиот систем го сервисираат двајца инженери и шест до седум работници.
Во рамките на проектот се тестираат 30 сорти пченица, а експерти секојдневно го следат посевот. Врз основа на овие експерименти се избира оној што одговара на условите во оваа земја.
Farmers and engineers at a UAE farm are getting ready to welcome the first harvest of an enterprising wheat project https://t.co/mySsoxZMmE pic.twitter.com/iRuhJreRzh
— The National (@TheNationalNews) February 18, 2023
