Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Италија се соочува со закана од нова суша по уште една зима без дожд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Италија се соочува со закана од нова суша по уште една зима без дожд
Агровести

Италија се соочува со закана од нова суша по уште една зима без дожд

Објавено 20/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сувата зима во последните недели во Италија, со помалку од половина од вообичаените снежни врнежи на Алпите за оваа сезона, ги зголеми стравувањата од нова суша по вонредната состојба прогласена минатото лето, предупредуваат научниците и групите за заштита на природата.

„Количината на вода во италијанските реки и езера е целосно недоволна“, соопшти денеска еколошката групација Легамбиенте, нагласувајќи ја ситуацијата во северна Италија.

Нивото на реката По, која е најдолга во Италија и се протега од Алпите на северозапад до Јадранското Море, е 61 отсто под нормалата за овој период од годината, се вели во соопштението на организацијата за заштита.

Во јули минатата година, Италија прогласи вонредна состојба во областите околу реката, кои сочинуваат околу една третина од обработливото земјоделско земјиште во земјата и кои страдаат од најтешката суша во последните 70 години.

– Ситуацијата со недостиг на вода во која се наоѓаме се влошува од зимата 2020-2021 година, рече експертот за клима Масимилијано Паскуи од Италијанскиот институт за научни истражувања, цитиран од дневниот весник „Кориере дела сера“.

-Ни требаат 500 мм во северозападните региони, ни требаат 50 дена дожд, додаде тој.

Нивото на водата на езерото Гарда во северна Италија е на рекордно ниско ниво, поради што до малиот остров Сент Бјаџо во езерото може да се стаса по патеката што се формирала.

Поради антициклонот што преовладува над Западна Европа во последните 15 дена, температурите се поумерени, што е потипично за доцна пролет. Сепак, според прогнозите, во наредните денови се очекува на Алпите да почнат толку потребните врнежи од дожд и снег.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:по
Претходен напис Бислимоски: Се прават анализи дали од 1 јули ќе се врати дневната евтина струја
Следен напис Времето денеска сончево со температура до 22 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?