Околу 600 животни угинале на свињарска фарма во близина на германскиот град Оснабрик. Властите заклучиле дека свињите биле запоставени со недели и најверојатно умреле од глад.
Повеќето од нив биле прасиња, додека постарите животни биле сместени во друг дел од објектот и преживеале, но се уште не се знае за колкав број се работи и во каква состојба се, пишува Spiegel.
Сопственикот го обвинува лицето кое било вработено на фармата. Наводно, долго време ги запоставувал свињите, за што никој ништо не знаел.
Шокантен е фактот дека многу слична ситуација се случи пред година и половина во истиот округ. Тогаш фармерот дозволил околу 260 свињи да угинат од глад. Според пишувањата на медиумите, станува збор за човек кој боледувал од депресија и поради суровоста бил осуден на парична казна од 9.100 евра. Само минатата недела окружниот суд во Оснабрик ја отфрли жалбата на фармерот и ја потврди пресудата.
