Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изгласани законите за договорите од „Отворен Балкан“ за слободен пристап до пазарот на труд и електронска идентификација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изгласани законите за договорите од „Отворен Балкан“ за слободен пристап до пазарот на труд и електронска идентификација
Агровести

Изгласани законите за договорите од „Отворен Балкан“ за слободен пристап до пазарот на труд и електронска идентификација

Објавено 13/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со 62 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, Собранието денеска, во рамки на 84. седница, го донесе Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

Пратениците, исто така со 62 гласа „за“, без ниту еден против и воздржан, му дадода поддршка и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан.

Со договорите потпишани во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се овозможува отстранување на работните дозволи и слободен пазар на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Со договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот, им се овозможува да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација, пак, предвидува пристап до електронските услуги на националните портали на трите држави преку креирање електронска идентификација „Отворен Балкан“ за остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во тие држави.

Договорите беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од лидерите на трите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, тогашниот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

На 84. седница првото читање го помина и Предлог-законот за дополнување на Законот за возила во прво читање, по што претседателот на Сoбранието Талат Џафери за именување и разрешување на членови на Владата.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:open balkanотворен балкан
Претходен напис Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Следен напис Бачовски: Инвестициите во модернизација на преработувачките процеси се секогаш во фокусот кога станува збор за ИПАРД фондот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?