Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Разговор со сопствениците на винаријата „Друм“: Имаме висококвалитетни вина бидејќи посветуваме многу време и внимание, како на виното, така и на насадот, и сето тоа го сработуваме со многу љубов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Разговор со сопствениците на винаријата „Друм“: Имаме висококвалитетни вина бидејќи посветуваме многу време и внимание, како на виното, така и на насадот, и сето тоа го сработуваме со многу љубов
Магазин

Разговор со сопствениците на винаријата „Друм“: Имаме висококвалитетни вина бидејќи посветуваме многу време и внимание, како на виното, така и на насадот, и сето тоа го сработуваме со многу љубов

Објавено 13/02/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во селото Драгобраште, оддалечено 10 километри од градот Виница, на патниот правец за Делчево и Берово и на надморска височина од 550 метри, се наоѓа семејната винарија „Друм“, која го добила името по истоименото место каде што се наоѓаат лозовите насади.

Разговаравме со сопствениците на винаријата, Драги и Бобан Петрови, за почетоците на оваа мала винарија, но со „зрело“ искуство во создавањето на висококвалитетни вина.

„Како дојдовме до идеја да се занимаваме со лозарство? Имавме една обработлива површина која не беше погодна за одгледување на житни култури, па така одлучивме да ја насадиме со винова лоза, одбравме квалитетни сорти и во 2009 година засадивме 7 хектари. Од првата берба почнавме да правиме вино, но во помали количини, а поголемиот дел од грозјето го пласиравме во винарии. Не требаше многу време да навлеземе подлабоко во винскиот свет, па така дојдовме до момент сами да го преработуваме целото грозје што го добиваме од нашите сопствени насади (10 хектари). Од сорти на грозје имаме вранец, мерлот, каберне совињон, смедеревка и совињон бланк.“, вели Петров.

Целото семејство е вклучено во работата околу лозовите насади и винаријата.

„Поголемиот дел од работните обврски на насадот и винаријата ги вршиме сами, односно вклучено е целото семејство, а ангажираме работници по потреба во берба, резидба на зелено и сл.
Имаме високо квалитетни вина поради тоа што посветуваме многу време и внимание како на виното така и на насадот и сето тоа се сработува со многу љубов. Исто така имаме прекрасно поднебје за одгледување на винова лоза со многу сончеви денови и идеална надморска висина на самиот насад (600м.н.в).“

Од вината произведуваат Вранец, Мерлот, Каберне Совињон, Смедеревка, Совињон Бланк, Розе и Куве (вранец/мерлот), а со оглед на тоа што се на почетокот на промоција и продажба на нивните вина, задоволни се од пласманот, а задоволни се и од тоа како нивното вино е примено од купувачите.

„Задоволни сме од пласманот, но секогаш може подобро, со оглед на тоа дека етикетите ни се стари не цела година, почнавме супер, потрошувачите се задоволни од квалитетот, а тоа секако ни е многу важно. Имаме користено средства од државата, секоја помош во делот на опрема е важен за да се модернизира и олесни производството, како во производството на грозје така и за потребите на една винарија.“, вели Петров.

Во наредните 3 години планираат да подигнат нов насад со бели сорти грозје и да го зголемат капацитетот во производството на вино, кој моментално е до 30.000 литри.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:drum vinaryбобан петковвинарија друм
Претходен напис Со садење на повеќе дрвја во европските градови стапката на смртност би можела да се намали за 40%
Следен напис Бачовски: АФПЗРР денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?