Времето наутро ќе биде многу студено, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -15 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 3 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на стабилно и студено време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег ќе има во недела.
