Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на компир – Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Одгледување на компир – Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените
Растително производство

Одгледување на компир – Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените

Објавено 29/03/2023
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компирот е осетлив на одгледување во монокултура, бидејќи го напаѓаат многу болести и штетници, доаѓа до намалување приносот. На иста површина не треба да се одгледува пред 3-4 години. Компирот најдобро успева на плодни и растресити почви. Не поднесува тешки, многу влажни и водонепропустливи почви. Почвата треба да биде без камења и крупен песок. Оптималната реакција на почвата треба да биде од 5,5-6,5.
Основната обработка се извршува на есен на поголема длабочина. На почви со лоша структура, како и на наклонети поради ерозија, обработката се врши на пролет. Предсеидбената обработка се врши непосредно пред садењето на длабочина од 10-12 см, за да се создаде растресит површински слој, погоден за садење. За принос од 40 т/ха во просек треба да се внесат: 150 кг/ха азот, 160 кг/ха фосфор и 250 кг/ха калиум. Целокупната количина на фосфор и калиум и половина азот се внесува со основната обработка, а остатокот од азотот се користи за прихрана.


Времето на садење зависи од климатските услови, односно подрачјето. Рано пролетно садење доаѓа предвид во потоплите јужни подрачја, а се врши во период од 15 февруари до 15 март. При производството на ран компир во предвид доаѓаат рани сорти кои се користат претежно за исхрана.
Пролетното садење се врши во рамничарскиот-континентален дел и во планинските подрачја, од 15 април до 15 мај, а произведениот компир служи за исхрана преку цела година или за преработка. Летното садење се врши од 15 јуни до 15 јули, кај нас слабо се применува.
За садење треба да се користи квалитетно декларирано семе. Оптималната големина на клубените за садење е 40-55 мм. На семенските клубени не смее да има видливи промени од штетници и болести (деформитети). Негативниот ефект на сушата може да се намали со садење на ртени клубени. Одбраните клубени месец дена пред садење се стават да ртат, а пред самото садење треба да се одберат, така што се отстрануваат клубените со слаби ртулци.
Садењето на компирот се врши рачно (под мотика или во бразди) и машински (со полуавтоматски или автоматски садачки). Целосно автоматизираните садачки ги оштетуваат ртулците па затоа се препорачуваат полуавтоматските. Растојанието меѓу редовите треба да биде 50-60 см за рачно садење, а 70 см за машинско садење. Растојанието во редот обично изнесува од 20-30 см во зависност од големината на клубените, должината на вегетацијата и др.

Количината на семето се движи од 1.500 до 3.000 кг/ха во зависност од големината на клубените и бројот на растенија по хектар. Вообичаената длабочина на садење на компирот изнесува од 6-10 см. На полесни и песокливи почви се сади 8-10 см, а на потешки почви поплитко на 6-8 см. Земјишните штетници како што се: телените црви, грчиците, совицата и други, се сузбиваат превентивно, пред садење, со гранулирани инсектициди кои мораат да се инкорпорираат во почвата на цела површина или во редови. Компировата златица штетите ги предизвикува со тоа што имагото и ларвите ги уништуваат лисјата. Најефикасно се сузбива кога се испилат 60% од ларвите со фолијарни инсектициди.
Пламеницата е најопасна болест кај компирот, а првиот напад може да биде 3-4 недели по никнувањето. Условите за развој на оваа болест се температура на воздухот од 18-22°С и висока влажност. Заштитата од оваа болест се врши со користење на фунгициди, а бројот на третирањата зависи од временските услови. Сузбивањето на плевелите се врши со меѓуредова обработка (култивирање), со мулчирање (фолија, слама и сл) и по хемиски пат со примена на хербициди. За уништување на плевелите во компирот постојат поголем број на хербициди кои можат да се применат: пред садење, после садење а пред никнење или по никнење на компирот. Прихранувањето треба да се изврши пред култивирањето, односно пред загрнувањето со азотно ѓубриво. Прашењето (култивирањето) се врши рачно (со мотика) или машински (со култиватор). Меѓуредовото култивирање се врши на 7-10 дена по никнењето, а по потреба се врши и второ на 10-15 дена по првото. Нагрнувањето се врши рачно или машински со нагрнувач. Нагрнувањето се врши кога растенијата се високи 15-20 см, т.е 5-10 дена после прашењето. Непосредно пред почетокот на формирањето на клубените.
Недостатокот на вода негативно влијае на приносот и квалитетот на клубените. Доколку се задоцни со наводнувањето можат да се јават несакани појави: израстоци на клубените, пукање на клубените по површината и внатрешно пукање. Наводнувањето може да се врши со бразди (гравитационо), со оросување или со систем капка по капка. Компирот треба да се бере (вади) кога клубените се во технолошка зрелост, односно лисјата и стеблото пожолтуваат и почнуваат да се сушат, при корнење на стеблото клубените остануваат во земја, а кожичката на клубенот е затврдната и при триење не се лупи. За раниот компир основни критериуми за берба се големината на кртолите и цврстината на лушпата која треба да има доволно цврстина да издржи манипулација и транспорт.

М-р Цветан Јовановски, АПРЗ

Може да ви се допадне

Како до успешно производство на компир
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:компиркомпирова златица
Претходен напис Италијанците и Грците се префрлаат на холандско јагне, македонското оди за Хрватска
Следен напис Николовски: Државата нема да дозволи да се градат фотоволтаици на квалитетно обработливо земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?