Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквешки вински пат“: Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквешки вински пат“: Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој
Агровести

„Тиквешки вински пат“: Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој

Објавено 30/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Росоман ќе добие Центар за едукација во туризмот и руралниот развој, ќе гостуваат професионалци од целиот свет, тие ќе го пренесат своето искуство на сите оние коишто сакаат да се занимаваат со туризам и одржлив развој. Ова денеска го најави Виолета Јанкова, директорка на Фондацијата „Тиквешки вински пат“.

Оваа Фондација претходно со над 500 илјади евра европски пари, заедно со росоманската локална самоуправа, ја реновираше старата училишна зграда. Јанкова рече дека се очекува Центарот да профункционира во тој простор, некаде околу месец март. Таа нагласи дека во меѓувреме, воспоставена е соработка со консултантски куќи кои работат проекти за ИПАРД, па, како што рече, полесно ќе може да се доаѓа до информации и начини на аплицирање. Притоа, откри дека ќе има и нови интересни манифестации и разни натпревари.

– Фондацијата „Тиквешки вински пат“ е зачетник на винскиот туризам во Македонија. Неформално започнавме со работа во 2003 година, а се регистриравме после три години. Така, пред 17 години, Фондацијата ги започна првите чекори кон развој на винскиот туризам, потсети Јанкова.

Таа се осврна на многубројните настани, што, како што рече, имаат цел промоција на македонското вино и винскиот туризам.

– Меѓу другото, поставени се и вински патни ознаки, заедно со Министерството за економија, организирани повеќе манифестации за верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите. На наша иницијатива, пред неколку години се стартуваше со натпревари за закројување на виновата лоза, со настани за презентација на производи од грозје и вина, ракии и традиционална храна, карактеристични за ова поднебје. Фондацијата стана еден од водечките партнери во културните рути на ЕУ „Итер витис“ и реализираше повеќе проекти за реновирање на објекти во Тиквешијата, со цел развој на одржлив и вински туризам, соопшти директорката на „Тиквешки вински пат“.

Таа додаде дека од оваа година, започнуваат со ново поглавје во работењето на Фондацијата. Јанкова рече дека преку нивни проекти, досега во Тиквешијата се инвестирани над еден милион евра европски пари, во разни објекти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винотиквешки виснки пат
Претходен напис Локации на добиточните пазари во Македонија
Следен напис Водостојот на реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на просекот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?