Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовска: Новиот модел на субвенционирање е приближување до Заедничката земјоделска политика на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовска: Новиот модел на субвенционирање е приближување до Заедничката земјоделска политика на ЕУ
Агровести

Николовска: Новиот модел на субвенционирање е приближување до Заедничката земјоделска политика на ЕУ

Објавено 01/02/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На конференцијата со наслов  „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ што се одржа во рамки на годишната конференција „Година на нови можности”, се дебатираше на неколку теми – за новиот модел на субвенционирање, руралниот развој, можноста која ја нуди дијаспората во рамномерниот регионален развој и за актуелните случувања во агросекторот.

На сите овие теми се осврна и директорката на Агротим, Ленче Николовска со свое видување на состојбите и сугестии како да се подобри работата на Владата, меѓусебната соработка меѓу земјоделците, институциите и приватниот сектор.

Особено потенцираше за потребата од поголема информираност и едукација на земјоделците за правилно користење на средствата од програмите за директна исплата и рурален развој како и очекуваните повици за ИПАРД 3 програмата.

Во продолжение ви го пренесуваме излагањето на Николовска:

-Со оглед на тоа што дебатата е за „земјоделската година“ на оваа Влада, можам да констатирам дека продолжија добрите земјоделски политики од пред седум години, а новиот модел на субвенционирање и другите мерки што се носат, се најава за работа во следните години за приближување на агросекторот кон Заедничката земјоделска политика на Европската Унија.
Тоа значи дека после стопирањето на негативниот тренд во земјоделското производство, се започна со стабилизирање на домашното производство на храна, има милионски инвестиции во системи за наводнување, како основа за конкурентно земјоделско производство, поделба на земјата во рацете на вистинските земјоделци, се инсистира на нивно здружување, што е многу важно, се настојува да се слушаат нивните барања, се излегува во пресрет кога треба, особено со последните кризи со ковид пандемијата и војната во Украина и постојано се потенцира важноста на земјоделското производство како стратешка стопанска гранка. Ова е впечатокот кој го остава ресорното министерство, односното Владата – отвореност, кооперативност и доза на сервилност кон земјоделците, би рекла.

Но земјоделските политики не секогаш се разбираат правилно, односно не секој може да ја види крајната цел на некоја мерка или поддршка. Токму затоа треба да се дозира излегувањето во пресрет на секоја реакција и критика од страна на земјоделците и да се гледа големата слика – а таа е прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Ова е случајот со Новиот модел на субвенционирање кој е нов само за нашите земјоделци, но докажано успешен во земјите членки на ЕУ, каде што близу 40% од буџетот се одвојува за агросекторот. Во долгорочниот буџет за периодот од 2021 до 2027 година за земјоделството се издвоени 386,6 милијарди евра.
Новиот модел на субвенционирање, преку форсирање на договорното производство, поддршка за младите земјоделци, инсистирање на здружувањето на земјоделските производители, модернизирање, дигитализација, поголема контрола на исплатата, авансна исплата…, сето тоа е одговор на сите досегашни критики дека субвенциите не се користат правилно, не ги добиваат вистинските земјоделци и немаат развојна компонента.


Со новиот модел на субвенционирање се испраќа уште една порака, со која се издвојуваат вистинските земјоделци, односно оние кои навистина живеат од тоа производство, од производителите на кои земјоделството им е дополнителна дејност. Првите имаат голем интерес да се развиваат, да инвестираат во производството, да го зголемуваат приносот, а со тоа имаме и зголемување на домашното производство, намалување на трговскиот дефицит и зголемен прилив на девизи, што е крајна цел на користењето на буџетските средства од сите граѓани.
Во овој процес, се разбира дека ќе има незадоволни, но јас би рекла повеќе неинформирани земјоделци, кои секоја новина ја дочекуваат со недоверба и отпор.
Мој впечаток е дека Државата (администрацијата) е чекор понапред од земјоделските производители во приближување кон заедничката земјоделска европска политика. Дел од одговорноста ја имаат самите производители кои се тешки на промени, оптоварени со недоверба во институциите, па и меѓусебна, не се здружуваат, не делуваат заеднички, а евидентно е дека никаде, во ниедна развиена земјоделска држава земјоделците не делуваат одделно. Или се здружени во агрокомори, во задруги и друг модел на здружување. Нивната неинформираност, за жал се користи и за политички цели, преку шпекулации, невистини и други манипулации со земјоделците.


Затоа сметам дека МЗШВ, напоредно со носењето на мерките мора да има начин како преку медиумите, директно на терен, преку поголем број на трибини, средби со земјоделците ќе им се претстават мерките кои ќе им значат подобрување на состојбата и поголем развој на домашното производство на храна.
Се работи за голема бројка од 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производство.

Последнава година се забележува и еден друг позитивен тренд на нови инвестиции во агросекторот, и тоа од инвеститори кои досега не се занимавале со земјоделско производство, што особено ме охрабрува дека конечно сите сфаќаат што значи да се има домашно производство на храна. На овој начин можеме да ја намалиме зависноста од увоз, компаниите и агробизнисмените да ги користат европските фондови и да профитираат од земјоделското производство. Можеме да ги користиме и пазарите на НАТО, со поддршка од Центарот во МОдбрана за аплицирање на тендерите во висина од 5 милијарди евра. Најмногу се работи за млади луѓе, што е многу добро затоа што и политиката на ЕУ е подмладување на секторот, за што се одвојуваат милијарди евра токму за поддршка на младите земјоделци, за дигитализација на земјоделското производство, форсирање на производства – пријатели на природата и намалување на влијанието на климатските промени.

Во очекување сме на повиците од ИПАРД 3, програма и мерки за кои има многу голем интерес. Верувам дека повторно ќе бидеме лидери во регионот по искористеност на средствата, како со ИПАРД 2. Преку Агротим консалтинг многу работиме на оваа тема, од информации, едукација, соработка со инситуциите, разговори со агробизнисмените и потенцијалните апликанти. Спремни сме за првите повици и за поддршка на новите инвеститори во агросекторот – заврши со своето излагање Николовска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуленчемзшвниколовскарурално е модеросубвенцииусогласување
Претходен напис МВР ги информира сопствениците на возила дека мора да извршат промена на регистарските таблички со ознака “МК“ со ознаката “NMK“
Следен напис Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?