Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија
Агровести

Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија

Објавено 18/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим реализира посета на познатиот вински регион Болен, Јужна Франција како гостин на винаријата „Шато де Гурдон“ чиј сопственик е македонската винарија „Тиквеш“.

Директорот на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и Керим остварија повеќе значајни средби меѓу кои и со градоначалникот на Болен, Антони Зилио, заменик на градоначалникот Андре Вигли и претседателот на Унијата на претприемачи на Болен, Жан Мишел Луи.

Керим истакна дека Франција е наш важен економски партнер како и политички поддржувач на патот на нашата земја кон членството во ЕУ, потенцирајќи дека овие добри релации треба да се искористат за унапредување на соработката во секторот на винската индустрија.

-Инвестицијата на „Тиквеш“ во француската винаријата „Шато де Гурдон“ е добар пример на градење мостови меѓу компаниите од овој сектор од двете земји кои го отвораат патот на македонските винарии кон пазарот на Европската Унија. Во таа насока договорено е продлабочување на економските односи помеѓу македонските и француските компании како и посета на Македонија од страна на француските компании од регионот на Болен. Овие соработки даваат дополнителен поттик за раст на трговската размена, посебно за зголемување на македонскиот извоз, рече Керим.

Земајќи предвид дека еден од стратешки извозни земјоделски производи на нашата земја е виното, Сојузот во рамките на меѓународните активности овозможува стратешка поддршка на винскиот сектор во земјава преку организирана промоција на меѓународните вински настани, вмрежување и лобирање за унапредување на поврзаните индустрии како земјоделството, туризмот, во соработка со домашните, но и со странски релевантни институции.

-Во делот на производство на вино во нашата земја од 2005 година наваму започна т.н. револуција во винскиот сектор во земјава, пред сѐ со приватизацијата на дел од винариите, инвестирањето во нова технологија и отворањето нови модерни винарии. Сепак, целосниот потенцијал сѐ уште не е искористен, бидејќи е потребно да се зголеми извозот на амбалажирано вино коe се извезува со додадена вредност, што придонесува кон целокупен раст на секторот, зголемување на вредноста како на виното, така и на грозјето како суровина, наведува ССК

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕУТиквешФранција
Претходен напис 5 природни начини да се забрза `ртењето и никнувањето на семето
Следен напис (ВИДЕО) Нуркачите од „Амфора“ го следат мрестот на Охридската пастрмка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?