Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Времето денеска облачно со слаб ветер, се очекува дожд кон крајот на денот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Времето денеска облачно со слаб ветер, се очекува дожд кон крајот на денот
Агропрогноза

Времето денеска облачно со слаб ветер, се очекува дожд кон крајот на денот

Објавено 16/01/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.

Во следните три дена минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната од 9 до 17 степени.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:временска прогноза
Претходен напис Нови предизвици пред производството на храна
Следен напис Обилниот род во Австралија и Бразил ги урива цените на житарките и маслодајните растенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?