Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пченкарно брашно: Ценета намирница во кулинарството и народната медицина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пченкарно брашно: Ценета намирница во кулинарството и народната медицина
Магазин

Пченкарно брашно: Ценета намирница во кулинарството и народната медицина

Објавено 12/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пченкарното брашно одамна е ценета состојка во кулинарството и народната медицина. Во зависност од видот, брашното може да биде жолто или бело, а најдобро е да се користи она што потекнува од органско производство.

Поради високата содржина на маснотии, може да се чува до половина година. Свежо меленото пченкарно брашно има сладок вкус, а појавата на горчина е знак дека производот е расипан. Најдобро е да се чува на ладно и темно место. Идеално е да се спакува и да се чува во замрзнувач.

Најголеми непријатели се влагата и штетниците. Кога се чува на отворено, можеме да ставиме лук во садот со брашното. Недостаток е што брашното може да ги апсорбира мирисите на овој зеленчук.

Намирница која го забавува стареењето

Често се користи во гастрономијата за подготовка на разни јадења, како солени така и слатки. Редовното консумирање го подобрува метаболизмот и циркулацијата на крвта, ја нормализира работата на уринарниот систем, ги забавува процесите на стареење, а кожата станува поеластична и освежена.

Се препорачува за луѓе кои имаат дијабетес или сакаат да ослабат, бидејќи не доведува до нагли промени на нивото на шеќер во крвта. Исто така го чисти и дигестивниот тракт.

Од него можете да подготвите разни лековити пијалаци и јадења. Исклучително благотворно делува на дигестивниот систем и помага при запек. 100 грама од ова брашно ќе ја замени потребата на нашето тело за растителни влакна во текот на еден ден.

Сепак, треба да се забележи дека може да има и негативен ефект. Придонесува за згрутчување на крвта и треба да го избегнуваат луѓе склони кон тромбоза. Може да влоши некои болести на дигестивниот тракт. Причина е за зголемено лачење на жолчката и алергии.

Традиционален рецепт од пченкарно брашно

Едноставниот рецепт и одличниот вкус овозможија ова традиционално јадење да биде присутно на нашите трпези и денес. За подготовка се потребни 1 кг пченкарно брашно и малку повеќе од 1 л топла вода.

Во брашното додаваме топла вода и убаво мешаме, а по потреба додаваме уште вода додека да добиеме смеса која лесно со лажица се оформува во облик на грутка. Не треба да биде премногу суво, но не е добро ако има премногу вода. Измешаното тесто се префрла во тавче кое треба да е подмачкано со една лажица маст. Тестото се израмнува со лажица. За да биде полесно, наквасете ја лажицата во врела вода. Измазнете ја површината, додавајќи две до четири лажици вода. Печете го во загреана рерна. Температурата не треба да биде премногу висока. Тестото е готово кога ќе се одвои од краевите на тавата.

Се јаде со разни солени или слатки јадења.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Пченкарно брашно
Претходен напис Инспирирани од секојдневните случувања изминатите 12 месеци, вевчанци ги подготвуваат маските во исчекување на Вевчанскиот карневал
Следен напис Албанскиот извоз на земјоделски производи руши рекорди – Производи се извезуваат во најмалку 78 земји во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?