Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Насер од Тетово на фармата има 4080 овци и 50 коњи: „Јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум да продолжам да ја развивам фармата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Насер од Тетово на фармата има 4080 овци и 50 коњи: „Јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум да продолжам да ја развивам фармата“
МагазинРурален Развој

(ФОТО) Насер од Тетово на фармата има 4080 овци и 50 коњи: „Јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум да продолжам да ја развивам фармата“

Објавено 11/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Насер Џемаили од Тетово, по струка технички ветеринар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе.

„Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите препреки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, рече Насер.

Фармата на Насер и неговото семејство, „Биофарма 1 Мај“, брои 4080 овци и повеќе од 50 коњи и, како што вели Насер, е единствена во Македонија што има толкав број овци. На фармата, освен членовите на семејството, имаат и 25 вработени.

Го прашавме Насер со какви проблеми и искушенија се соочува при одгледувањето на овците.

„За жал трлата во коишто ги чуваме изградени се од поодамна и полека со текот на времето ја губат својата можност максимално да можеме да ги употребуваме. Токму овде државата треба да обрне поголемо внимание со помош. Ги храниме со органска храна, но бидејќи не успеавме да земеме државна земја, храната за овците ни излегува многу скапа“, вели Насер.

Насер, кој од неодамна е секретар на здружението „Млад сточар“, смета дека во Македонија сѐ уште има многу млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство.

„Се зачленив во здружението „Млад сточар“ за да докажеме дека уште има млади што сакаат да се занимават со сточарство иако ни се лоши условите. Пласманот за јагнињата е кој како се снајде и кланиците здружено ги поставуваат цените на јагнињата и секако се ниски, токму затоа ни е потребно организирање. Секогаш заедно можеме повеќе да работиме, ќе имаме разни совети што ќе ни помогнат да го развиеме сточарството. Чекаме повеќе можности за проекти кои ќе ни овозможат полесно да функционираме.“

Насер ги повикува сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство да не се двоумат и да почнат веднаш, бидејќи, како што вели, сите сме почнале од некаде, а сточарството сега ни е профитабилен бизнис.

Може да ви се допадне

Украсни растенија како природни средства против комарци
Ледена лимонада со јагоди
Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Ориз со пилешко и зеленчук
Бомбици од сирење
Таг:насер џемаили
Претходен напис Утрово најстудено на Попова Шапка -5 степени и снежна покривка 12 сантиметри, најтопло во Гевгелија
Следен напис Зголемен водостојот на Пчиња кај Пелинце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?