На оддалеченост од само 40 километри од Нја Транг во Виетнам, се наоѓаат полиња со сол кои се популарна дестинација за сите авантуристи кои сакаат да ја дознаат оваа безвременска традиција.

На полуостровот Хон Кои се наоѓаат некои од најголемите полиња со сол во Централен Виетнам, но тоа е и локација на која и во 21 век е можно да се видат работници како рачно собираат сол.

Напорната работа започнува уште во 4 часот наутро, а собирачите се опремени со препознатливи капи, чизми, ракавици и маски за лице за да се заштитат од сонцето и солта.

Рачното собирање сол воопшто не е лесна работа бидејќи вклучува неколку фази кои мора да се следат. Прво и најосновно е да се пушти вода во полињата што содржат сол кој блеска на првите зраци на светлина. Штом забележат поголеми парчиња, работниците почнуваат да замавнуваат со алатот и вредно ја собираат солта во ткаени корпи во кои може да собере до 10 килограми сол.

При оваа работа, времето игра клучна улога, бидејќи повеќе сонце значи дека работниците можат да соберат поголеми количини. Но, во случаи кога врне дожд или грми, целата работа мора да се прекине. Затоа овој процес се изведува само во текот на 5 до 6 месеци од годината.





