„Добра можност повторно да ја потсетам македонската јавност дека не се сите исти на денешната седница во одговор на пратенички прашања во Собранието.
За разлика од претходно, во она време на режимот, најубавата и најплодна земја беше дадена на Субрата Рој и 5.000 хектари цели шест години останаа необработени. Денес тоа земјиште е кај вистинските земјоделци и се обработува.
Овчеполието денес има склучени 2.500 договори за сите овие години, а најголем интерес имаме во Свети Николе каде се достигнаа и најголемите цени за закуп преку електронските надавања.
Само оваа година преку повеќе огласи на располагање ставивме 14.000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна, преку една транспарентна постапка, а не преку непосредни спогодби.“
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
