Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За 13 проценти зголемена продуктивноста на трудот во земјоделството во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За 13 проценти зголемена продуктивноста на трудот во земјоделството во ЕУ
Агровести

За 13 проценти зголемена продуктивноста на трудот во земјоделството во ЕУ

Објавено 26/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продуктивноста на трудот во земјоделството во Европската Унија се зголемила за 13 отсто во 2022 година, објави Европската статистичка служба Eurostat, врз основа на првите прелиминарни податоци од Економските сметки за земјоделство (EAA). Растот бил најмногу поттикнат од наглото поскапување на земјоделските производи.

Нарушувања на пазарот

Вонредни инфлациски притисоци ја обележаа годинава. Тие се резултат на проблемите во синџирот на снабдување што започна со пандемијата на коронавирус, како и војната во Украина која го наруши снабдувањето со енергија, ја доведе во прашање достапноста на голем број земјоделски инпути (особено ѓубрива) и трговијата со некои земјоделски производи.

Највисока проценета стапка на раст во 2022 година била во Германија, од 66,8 отсто, каде што просечниот раст на цената на производите од 29,5 отсто го надмина растот на цената на инпутот од 14 отсто. Остар раст е забележан во Естонија (32,8%), потоа Данска (29,8%) и Луксембург (29,6%).

Од друга страна, остар пад е забележан во Романија од 21,2 отсто, Словачка (-15,4 отсто), Португалија (-11,8 отсто) и Малта (-11,2 отсто).

Уште поголема продуктивност во однос на 2015 година

Споредено со 2015 година, индексот на реалниот доход на ЕУ во 2022 година е повисок за 19,8 отсто. Во истиот период е забележан континуиран вкупен пад на индексот на инпутот на трудот во земјоделството од 16,6 отсто. Заедно, овие промени доведоа до тоа продуктивноста на земјоделската работна сила во ЕУ да биде за 43,6 отсто повисока во 2022 година отколку во 2015 година.

Сепак, тие истакнуваат дека на првите проценки за 2022 година треба да се гледа со одредена претпазливост, бидејќи се користат нецелосни информации и се засноваат на модулации, кои можеби сè уште не ги одразуваат целосно пазарните трендови. Во мај 2023 година ќе бидат достапни проценките на EAA, кои ќе вклучуваат подетални и ажурирани тековни информации за пазарот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:eurostatеуростатпазар на трудпродуктивност
Претходен напис Од вредните раце на Руменка Димовска од с. Арвати, кошничка полна со производи од недопрената природа на Ресенско
Следен напис Се очекува зголемување на производството на житарки, особено на пченка во Европа во 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?