Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова модерна станица за технички преглед во скопскиот регион – Свечено отворен СН Мото Центарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова модерна станица за технички преглед во скопскиот регион – Свечено отворен СН Мото Центарот
Агровести

Нова модерна станица за технички преглед во скопскиот регион – Свечено отворен СН Мото Центарот

Објавено 24/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со сечење на црвената лента и богата музичка програма синоќа свечено беше отворен СН Мото Центарот –  нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која  ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

СН Мото центарот е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра.

Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.

Црвената лента ја пресекоа првите луѓе на СН Групацијата, Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола и Зоран Пејчиновски, Главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

На свеченото отворање тие порачаа дека визијата е СН Мото Центарот да прерасне во синоним за квалитетна и ефикасна услуга на задоволство на возачите во скопскиот регион во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Во присуство на голем број гости, соработници и партнери на компанијата, како и вработени во СН Групацијата по повод свеченото отворање беше организирана богата музичка програма во чии рамки настапи камерното дуо во состав на Марија Вршкова, пијано и Владимир Костов, виолина –  годинашни добитници на СОКОМ наградата, кои неодамна настапија на Менхетн во Њујорк.

Свеченото отворање на СН Мото Центарот беше заокружено со перформанс на трите музички и визуелни магионичарки од триото „Тринити Стрингс“, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова на виолина и Марта Куч на виолочело, трите дел од ансамблот на Македонска Опера и Балет. Гостите ги забавуваше и DJ BRUS.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:милиони еврамото центаротворенснтехнички прегледцрвена лента
Претходен напис Тутунарите брутално искрени: И покрај поскапените репроматеријали, годинава поминавме добро, нè плаши неизвесноста
Следен напис Времето денеска сончево со мала локална облачност, по котлините утринска магла
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?