Стопанските комори на Србија и Катар заеднички ќе претседаваат со Деловниот совет Србија-Катар, чија конститутивна седница ќе се одржи во Доха во март следната година. Ова било договорено на средбата меѓу Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и првиот потпретседател на Стопанската комора на Катар, Мохамед бин Твар Ал Кувари, што се одржа во главниот град на Катар, соопшти Стопанската комора на Србија. пренесува Еkapija.
Чадеж и Ал Кувари истакнале дека економската соработка меѓу Србија и Катар е далеку под реалните можности, а зајакнувањето на деловните врски ќе биде во фокусот на двете бизнис асоцијации. Било оценето дека има големи потенцијали за соработка во областа на енергетиката, храната, особено млечната индустрија, ИТ секторот…
Договорено е во март 2023 година бизнис делегација од Србија да го посети Катар, кога во Доха ќе се одржи конститутивната седница на Деловниот совет. Потоа се очекува катарските бизнисмени да ја посетат Србија.
За време на посетата на Доха, претседателот на Стопанската комора на Србија разговарал и со Мубарак Ал Сахути, потпретседател на прехранбената компанија Hasad food, која се занимава со дистрибуција и контрола на квалитетот на прехранбените производи. Ал Сахути, чија компанија ќе биде членка на Деловниот совет Србија-Катар, покажал голем интерес за инвестирање во производството на храна во Србија.
