Регионалниот хуманитарен настан во приготвување храна, колачи и торти и нивна декорација „Етно вешта жена и вешто дете“ се одржа викендов во Тетово во организација на здружението „Вешта жена“.
Жени од организацијата од Тетово, Гостивар и Кичево и деца пред публиката се претставија со својата кулинарска и декоративна умешност, овој пат со ревијален карактер и со цел собирање средства за предновогодишна забава.

-Освен Вештите жени учествуваа учениците од основни училишта од Тетово, Гостивар и Кичево. Учениците на самиот настан декорираа торти и меѓусебно си ги разменија. Учесничките од Вешта жена подготвија маси со јадења, колачи и торти, производи кои се купија од страна на пријавените гостинки. Сите средства кои се собраа се наменети за организирање на предновогодишно дружење и подароци за деца со посебни потреби во Тетово, изјави Снежана Стојановска од Вешта жена.








Таа истакна дека како и за секоја манифестација во организација на „Вешта жена“ дел било заедничкото дружење на припадничките на понежниот пол без разлика на возраста, професијата и националноста.








