Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство
Рурален Развој

Земјоделките бараат системско решение за платено породилно отсуство

Објавено 13/12/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација вчера на прес-конференција побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените земјоделки. Притоа, беше упатено барање до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

Драгана Дрндаревска од Коалицијата Маргини и претставничка на Мрежата за заштита од дискриминација изјави дека зад ова барање стојат повеќе од 70 здруженија, мрежи и сојузи од кои голем дел се организации кои дејствуваат во областа на заштитата на човековите права и правата на рурални жени.

-Земјоделките немаат право на платено породилно отсуство нити боледување. Оваа нехумана политика несразмерно го погодува животот и здравјето на руралните жени особено ако се земе предвид дека оваа група работнички е погодена од сиромаштија, има мали можности за пристап до здравство, образование и социјални услуги, живее во рурални области каде нормите на патријахатот сѐ се уште поцврсти со што товарот на грижата за домот, децата и старите го носи жената додека паралелно работи тешка земјоделска работа за да се издржи себеси и своето семејство. Од една страна овие работнички се есенцијални, ја произведуваат храната која ја јадеме, од друга страна, за возврат нашето општество не им овозможува клучни социјални и работнички права, како породилно отсуство, годишен одмор и боледување, вели таа.

Додава дека уставната одредба според која државата посебно ги заштитува мајчинството и децата не важи за руралните жени, па можност да се престане со работа и да се посвети на грижа за новороденчето станува привилегија, а не право.

Лилјана Јоневски од Руралната коалиција нагласува дека најголем дел од земјоделските стопанства имаат годишни примања до 2000 евра, што значи дека најголем дел од земјоделците живеат во сиромаштија или зависат од приходите на другите членови во семјеството. Според нивните истражувања незначителен број земјоделки (9) користеле платено породилно отсуство, по друг основ.

-Фактот што немаат право на платено породилно отсуство значи дека не можат да престанат со работа по пораѓањето и да се посветат на грижа и нега на новороденчињата, бидејќи ќе го изгубат и онака малиот и несигурен приход од земјоделска дејност. Оваа состојба влијае негативно на здравјето на мајките и децата од руралните области и резултира со несакани абортуси, зголемен ризик од патолошка бременост, прерано прекинување со доењето и неможност за пружање соодветна грижа на новороденчињата што доведува до нарушувања на менталното и физичкото здравје, изјави Марина Тошеска од ЛАГ Агро Лидер.

Здруженијата имаат подготвено Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување во кој се бара измена во неколку членови. Јована Јовановска-Кануркова од Хелсиншкиот комитет за човекови права додаде дека бараат измени со кои основицата за пресметка и висината на надоместокот нема да биде помала од минималната плата за претходната година, односно 18.000 денари, а породилното да трае 9 или 15 месеци како за останатите работнички.

-Сметаме дека ова е најмалата прифатлива сума бидејќи со средствата од породилното отсуство земјоделките мора да бидат во можност да се издржуваат себеси и своето семејство. Исто така достоинствена сума наметнуваат и меѓународните стандарди како обврски што Република Северна Македонија ги има преземено, вели таа.

Според Тошеска, предложеното решение нема големи финансиски импликации.

-Доколку се водиме од вкупната бројка на регистрирани жени индивидуални земјоделци, која изнесува 1.075 жени, максималниот финансиски трошок доколку 1/4 од овие жени се во можност да забременат и да родат во една година, според предложениот модел изнесува 58.104.000 денари, а доколку се разработи сценарио на реален број на корисници според бројот на доделени права на 1.000 осигуренички според највисоката вредност на овој индикатор во 2021 година, тогаш финансиските импликации би изнесувале 10.368.000 денари, нагласува таа.

Граѓанските организации објаснија дека спротвно на нивните барања поради недостаток на политичка волја за системско решение, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да го реши проблемот преку програма со која ќе се делат средства на земјоделки. Според нив, ова не е прифатливо решение бидејќи е нецелисходно и во пракса повторно нема да доведе до фактичко уживање на правото на платено породилно отсуство. 

Може да ви се допадне

Мицкоски: Како Влада бараме генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Постапка за регистрација како ИНДИВИДУАЛЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
Таг:Земјоделкитепородилно отсустворешение
Претходен напис Интервју со Дарио Николовски: Зелената енергија е иднината и ние максимално вложуваме во неа
Следен напис МЗШВ: Третиот и четвртиот столб на земјоделскиот буџет 2023, насочен кон капиталните водостопански инвестиции и зелената транзиција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?